Македонските репрезентативци, тројца велешани, 11-ти на ЕП за млади во Словачка

Петар Печков

Тројца велешани настапија како македонски репрезентативци,  на Европското првенство за јуниори и до 23 години  во кајак на диви води, слалом, која е олимписка дисциплина и се одржа на патеката Липтовски Микулош во Словачка. 

Во екипната трка за возрасна категорија до 23 години, Игнатов, Петрушев и Мазнев  се пласираа на 11-тото место од 20 репрезентации. 

Христијан Игнатов во категоријата К-1 слалом  до 23 години во првата трка беше 59-ти од 61 натпреварувач, додека во втората кога не возеа 20-те најдобро пласирани, беше  35-ти од 42-ца.  Европски првак во оваа дисциплина стана Словакот  Јакуб Григар.

Кај јуниорите во К-1 слалом возеа Ангел Петрушев кој во првото возење беше 25 од 60 натпреварувачи а Мартин Мазнев беше 40-ти. Во второто возење, без 20-те најдобри Петрушев извози за 12 место  и за 1,5 секунда не успеа да влезе во полуфиналето, додека Мазнев беше  31-ви од 38 натпреварувачи. Во оваа дисциплина победи Французинот Антон Деласус. 

На ова првенство како судија  беше присутен велешанецот Бошко Нацев. 

Следниот испит македонските кајакари,  репрезентативци го имаат за две седмици на Светското првенство  кајак на диви води слалом, за јуниори и до 23 години, кое ќе се одржи во Краков Полска.  

loading...

Поврзани »

loading...

Општина Велес објавува

ЈАВЕН ПОВИК
за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на територија на Општина Велес за набавка енергетски ефикасно грејно тело за 2019 година

Детали

Ронтис вработува техничар во оддел за одржување

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:
Техничар во оддел за одржување

Ронтис вработува 20 оператори во производство

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:
20 (дваесет) Оператори во производство

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

  • Дадоа максимум
  • можеа повеќе
  • за прв пат учество, одлични беа
  • запоставени, а не направија горди
Резултати