Мало мовче изработено од илјадници чкорчиња, дело на Муамер Абедин (фото)

Петар Печков

Мало Мовче, една од знаменитостите на Велес е изградено од илјадници  чкорчиња, со месеци трпелива работа на велешанецот Муамер Абедин. Неговата амбиција да твори уникатни предмети, била одлучувачка да го создаден мостот, симболот кој ги поврзува двата дела на Велес, новиот и стариот дел на градот. 

Оваа работа ме исполнува. Немав нацрт, го работев според мојата замисла во главата. Бидејќи секојдневно го минам по четири пати, знам  дека мостот е долг сто метри, јас го направив да биде долг еден метар. Или размерот е еден спрема сто.  Од толку многу знаменитости во градот, јас се одлучив за Мало мовче,   оти    да изградиш  мост е убаво дело, мостот подава рака или склопува нови пријателства. Други   велат дека она што Бог не го споил помеѓу два брега, човекот го спојува со изградба на мостови, затоа цврсто бев решен да го направам, за сите мои пријатели и за велешани - објаснува Муамер.

Во макетата  има околу 8600 чкорчиња за што како доказ ги чува сите 215 пакетчињата. Тој морал сите нив да ги гори, да ги чисти главите од фосфорот. За ова негова работа потрошил осум месеци, од чкорчињата  за да се изгради мостот. Половина година работел на избор на кибритчињата да бидат корисни за употреба. И додека другите спиеле, одмарале тој од 23 часот до 2-3 часот по полноќ трепливо, со голема амбиција, ентузијазам, креативност, со љубов и желба да создаде мало но големо дело, работел неуморно. 

Искрено квалитетот на кибритите е многу лош, јас морав шест месеци да избирам да бидат рамни, прави за да можам да го градам мостот.  Толку многу се посветив што слободното време го користев за да работам на мостот. Додека моите другари и пријатели мислеа дека ги избегнувам и не сакам да се дружиме, јас творев. Мислам дека сега имам оправдување, бидејќи никој не знаеше за ова мое хоби - вели Абедин. 

Тој пред три години ја создаде од хартија  Султан Ахмед џамијата, или Сината џамија од Истанбул.  На прв поглед може некој  да  каже дека е лесно за работа,  но кога ќе се зафати човек да прави, ни малку не е лесно. Ова за авторот на изработката на Мало мовче претставувало  голем предизвик но и задоволство.  

Ја постигнав саканата цел, задоволен сум и веќе заборавив на сите потешкотии и ноќи неспани, а се надевам дека и моите велешани ќе бидат задоволни.  Целта на идејата  е постигната и веќе почнувам да размислувам за нешто ново - кажа Муарем. 

Ова е негов подарок за Рамазан Бајрам  за пријателството меѓу луѓето, за меѓусебната почит, и ги поканува  сите велешани да повелат и да дадат и добри и лоши мислења и коментари, кога утре, вторник до 13ч.  макетата ќе биде изложена   во Книжарницата ``Аско - Ас `` на пазариште.

loading...

Поврзани »

loading...

Општина Велес објавува

ЈАВЕН ПОВИК
за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на територија на Општина Велес за набавка енергетски ефикасно грејно тело за 2019 година

Детали

Ронтис вработува техничар во оддел за одржување

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:
Техничар во оддел за одржување

Ронтис вработува 20 оператори во производство

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:
20 (дваесет) Оператори во производство

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

  • Дадоа максимум
  • можеа повеќе
  • за прв пат учество, одлични беа
  • запоставени, а не направија горди
Резултати