Маркарт Македонија следната седмица прекинува со работа оти деловен партнер бил позитивен на ковид-19

Петар Печков

Маркарт Македонија  со писмено соопштение упатено вечерва  ја информира јавноста за ново настанатата ситуација во компанијата, поради што ќе има прекин во работата па следната седмица, 650 вработени ќе бидат дома.

Причина е што  деловен партнер  бил позитивен на ковид -19.И додека други велешки компании, криеја, не беа отворени со јавноста, германската компанија ја покажа својата професионалниот во работата и се обрати на велешани.  

Маркарт Македонија како транспарентна и одговорна компанија која максимално ги почитува мерките за здравје и безбедност при работа од самото основање на компанијата, а особено во услови на пандемија каде на прво место е здравјето на вработените би сакала да ја информира јавноста, особено  жителите на Општина Велес дека лице вработено во надворешна компанија, деловен партнер на Маркарт, е позитивно на Корона вирус. Ова лице не е во директен контакт со вработените на Маркарт Македонија и затоа нема простор за паника. 

Менаџментот на Маркарт Македонија и покрај сите спроведени мерки, а со цел целосна превенција и сведување на минимум на можноста за ширење на вирусот, донесе одлука за затварање на фабриката  во текот на наредната недела.

Довербата е основа за секоја соработка. Добивањето нечија доверба често е долг процес, а губењето на истата може да се случи одеднаш. Веруваме дека нашите деловни партнери, вработени, сограѓани се однесуваат одговорно и целосно се во согласност со законот, мерките и препораките. Ние работиме заедно и ги користиме сите наши заеднички сили за да ги одржиме нашите вработени безбедни и здрави - пишува во соопштението.

 Потоа во него се наброени мерките  кои се преземени како заштита: 

 Запазени се сите превентивни мерки уште пред започнување на вонредната состојба во државата

Формирање на комитет за координација и управување со мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 ( корона вирус)

Редовно информирање и подигнување на свеста на сите вработени за превентивните мерки поврзани со корона вирусот

Корона телефонска линија 24/7 (наменета за вработените во компанијата)

Задолжително носење на заштитни маски во текот на работното време, како и при доаѓање и заминување од работа

Задолжителна дезинфекција на раце на повеќе пунктови: влезови, производство, кантина

Задолжително пополнување на епидемиолошки анкети и нивно следење на дневно ниво

Реорганизација на работното време (пократки смени без затекнување на вработените меѓу две смени)

Организирање на редовните состаноци преку Skype платформата

Редовна дезинфекција на сите простории во фабриката: Tоалети, соблекувални, производствен погон, магацин, канцеларии, кантина, возила за превоз...

Превоз на вработените со 50% капацитет на возилата

Со почит, Маркарт Македонија, 

Комитет за координација и управување со мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (Kорона вирус

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати