Матичните доктори од Велес бараат отворање посебен приемен пункт за лица кои се сомнителни на ковид-19

Петар Печков

Велешките матични доктори, бараат отворање на  посебен примен пункт за лицата кои се сомневаат дека се позитивни на кводи-19. Со ова тие сметаат дека ќе се избегне ширењето на заразата. Тие предлогот го кажале на седница на Општинскиот кризен штаб.

Триажниот центар би било место каде има рендген и лабораторија, би било наменето исклучиво за овие лица. Така би се намалил притисокот  врз болницата, рендген одделението, матичните доктори, но и би се избегнало овие сомнителни случаи со ковид-19 да се мешаат со пациенти во чекалниците на матичните доктори и да контактираат со други пациенти.

За предлогот  ќе се обидеме да најдеме решени , Кризниот штаб и трите здравствени јавни институции заедно  со матичните лекари - кажа Коцевски.

Bо  ковид центарот, во Велес доброволно, пред повикот за ангажман на приватните интернисти,  се јавил еден доктор, кардиологот  д-р Атанас Ѓорѓиевски, кој од минатиот петок им помага на колегите од Инфективното одделение.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати