Мерниот инструмент за ПМ10 честички во Велес расипан, покажуваше вредности над граничната

Петар Печков

Повеќе од еден месец не  работи инструментот кој  ги покажува вредностите на ПМ 10 честитките во мерното место Велес 2.  И тоа откако при крајот на јуни и почетокот на јули  започна да покажува  високо надминати среднодневни вредности, што за лето е невообичаена појава. За разлика од ова, параметрите кои ги покажуваат вредностите за чад и сулфурдвеоксид работат. Така од 12 јули велешани на знаат какво воздух дишат во однос на суспендираните честички со големина од 10 микрограма. 

 Во јули од 11 дена четири имаше вредности над 50 мк на м3, што е гранична вредност. На 11-ти беа измерени 66,6, на 4-ти и 7-ми околу 60, што е невообичаено високо  за лето - велат велешките екологисти.  Од Министерството за животна средина објаснија дека  и за нив овие измерени вредности биле сомнителни, па затоа мерниот инструмент е во фаза на тестирање и не ги покажува вредности за ПМ 10 честичките.  

Во периодот  на почетокот на јули 2018 година инструментот за РМ10 од мерното место Велес 2 покажа невообичаени високи часовни вредности  кои достигнуваа и до 200 микрограми на метар кубен. Истите се изземени, по направена валидација на податоците, со вкрстена споредба со останатите параметри кои се мерат во АМС Велес 2 (NO2, SO2 и CO) кај кои не се забележани такви осцилации како кај PM10. Поради тоа мерниот инструмент за PM10 во Велес 2, по извршена првична дијагностика, се сервисираше  и калибрираше и од 11.07.2018 година е во фаза на тестирање со цел да се утврди неговата исправност. Во  јули се забележани благи надминувања на среднодневната гранична  вредност, но невообичаени високи часовни вредности  кои достигнуваа и до 200 микрограми на метар кубен се јавуваат како самостојни пикови. Тие се неверодостојни и се резултат на староста на анализаторот и истите се изземаат - стои во писмената информација  од Министерството за животна средина.

loading...

Поврзани »

loading...

Се наградуваат најубаво украсен излог, двор и тераса

Општина Велес ќе додели награди за најуспешна празнична илуминација по повод новогодишните и Божиќните празници:

  • Најубав излог
  • Најубав двор
  • Најубава тераса.

Наградата е во паричен износ од 15.000 денари за секоја категорија.


Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

На што ќе се греете зимава?

  • огревно дрво
  • пелети
  • нафта
  • ќумур
  • електирична енергија
Резултати