Мерното место за квалитетот на воздухот во Велес, ќе проработи во декември

Петар Печков

Мерната станица на  Министерството за животна средина во Велес,  ќе проработи на почетокот од декември. Ова денес го најавија од ресорното министерство а во рамките на планот за заштита од загадувањето на воздухот, кое деновиве се јави во повеќе градови во Македонија.  Мерната станица во Велес е лоцирана во близина на градинката во населбата Тунел. 

Државниот мониторинг систем,  направи замена на неисправните инструменти во пет мерни станици, а до декември годинава ќе бидат заменети и неисправните инструменти за мерење на ПМ 10 честички на мерните станици во Лисиче, Велес, Кавадарци и Гостивар - информираа од МЖСПП.  Дополнуваат дека е извршено и мапирање на сите капацитети кои се наоѓаат во близина на мерните станици.

Инструментот за ПМ 10 во мониторинг станицата „Велес 2“ е во функција од 2004 година. Со оглед на староста, тој не е во функција од летото, од јули лани. Поради тоа година и пол велешани не знаат каков воздух дишат. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати