Меѓународно признание за Хабитат Македонија за национални достигнувања

Петар Печков

Австриската фондација Energy Globe му оддаде меѓународно признание на десетгодишниот ангажман на Хабитат Македонија во секторот на енергетска ефикасност, со доделување на награда за национални достигања. Награден е проектот Енергетски ефикасни домови за семејства со ниски приходи кој е започнат од Хабитат Македонија во 2009 година во Велес.

Примајќи ја наградата, национален директор на Хабитат Македонија Зоран Костов посочи дека главните достигања на наградениот проект вклучуваат енергетски ефикасни реконструкции на повеќе од 60 колективни станбени згради во Македонија, со преку 1900 станови.

Со нашиот ангажман постигнати вкупни годишни енергетски заштеди од 7910 MWh и годишни редукции на емисиите на јаглероден диоксид од 3670 тони. Ова за македонскиот станбен фонд претставува, голем инвестициски потенцијал кој се проценува на повеќе од 500 милиони евра - кажа директорот Костов. 

На свеченост на која присуствуваше вицепремиерот Кочо Анѓушев и австриска бизнис делегација која се наоѓа во посета на Македонија, наградата ја врачи трговското аташе на Амбасадата на Австрија Марлен Бургсталер. Во своето обраќање таа потенцираше дека наградата ја предава во име на фондацијата Energy Globe и на нивниот партнер – Австриската трговска комора.

Обраќајќи им се на присутните, вицепремиерот Анѓушев, упати честитки за наградата и истовремено потенцираше дека показателите за економскиот раст, а особено растот на индустриското производство во Македонија за последниот квартал се натпросечно високи, што влева голем оптимизам и отвора нови можности за инвестирање во енергетскиот и градежниот сектор.

Главната цел на Фондацијата Energy Globe, во соработка со Програмата за животна средина на Обединетите Нации (UNEP), е да укаже дека во светот постојат многу креативни луѓе кои имаат спроведено проекти со решенија за многу проблеми, проекти кои го помагаат опстанокот на нашата планета. За наградата оваа година се поднесени преку 2000 предлози од преку 180 земји. Националните победници се избрани по пат селекција спроведена од експерти на Комитетот за евалуација на Energy Globe.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати