Министерот Николовски ги налути сточарите откако им рече дека лажат, па тие ја напуштија трибината во Велес

Петар Печков

Трибината на Министерството за земјоделие во Велес беше прекината откако министерот Љупчо Николовски  им кажа на сточарите од велешко дека лажат, по што тие ја напуштија салата.  

 Вие дојдовте да слушнете само тоа што Вас ве интересира, не сакате да слушнете се што имаме сработени, колку напори вложуваме да им помогнеме на земјоделците, кои се мерки ги преземаме - рече  Николовски. 

Сточарите претходно во неколку наврати прашаа дали Министерството ќе им помогне околу откупот на јагнето, кој годинава е незначителен и дали ќе ја субвенционира разликата помеѓу откупната цена 120-130 денари до производната 185, колку што пресметало Министерството за земјоделие.   

Ние овде прашуваме а одговор не добиваме. Ни кажувате колку работите а откупната цена откако дојдовте на власт изминатите две години е се пониска, претходно беше 150 денари за килограм жива мерка - рекоа сточарите. 

Ова го налути Министерот Николовски, кој им рече ,,лажете, лажете,, по што сточарите кои беа најголем број од присутните во салата ја напуштија а Николовски ја прекина. Тоа што не добија одговор од министерот им го кажа  Ефтим Шаклев претседател на Асоцијацијата на земјоделци.

Нема откуп оти нема интерес, Грција е заситена има домашно јагне, исто и Италија е презаситена.  Има вишок јагне во Франција, Романија, Шпанија.. Прво треба да се направи попис на овците, не се знае колку овци има во државата  - рече Шаклев.  

Директорот на платежната агенција  Николче Бабовски објасни дека  Владата стапила во контакт со Израел, за можноста во таа земја да се продаде живото јагне. Ова доаѓа откако Србија веќе договори тамошното јагне да заврши на израелскиот пазар. Незадоволни од  тоа што не добија одговор на нивите барања, сточарите од велешко најавија дека за в среда ќе одржат протест и ќе блокираат патишта.  

loading...

Поврзани »

loading...


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Какви специјалистички здравствени услуги користите?

  • од јавното здравство
  • од приватното здравство
  • комбинирам
Резултати