Министерот Спасовски во СВР Велес има видно зголемување на млади полицајци но тоа не е доволно

Петар Печков

Оливер Спасовски министер за внатрешни работи беше  во посета на Велес. Доаѓањето  го потенцира како редовни, непосредни контакти и со локална власта и со Секторите на внатрешни работи. 

 Во СВР Велес разговарав за безбедносната состојба и можам да кажам дека во општината имаме стабилна  безбедна состојба. Имаме намалување на криминалитет и зголемување на  откривачката дејност. Сериозен предизвик е сообраќајот, кој треба заеднички да се решава со градоначалникот. Треба да се враќа довербата на граѓаните во македонската полиција и апелирам до велешани да бидат партнери, да соработуваме заедно  и заедно д се справуваме со сите предизвици. Заеднички треба да градиме побезбеден град и побезбедна држава- изјави министерот Спасовски. 

Тој кажа дека полицијата работи на обезбедување на мирна  референдумска атмосфера   со цел граѓаните самостојно да ја донесат одлуката на 30 септември.     

Одговарајќи на новинарско прашање за со години констатираните недостатоци на возила и службеници во СВР Велес, пишани во писмените документи а доставени до Советот на Општина Велес, Министерот Спасовски рече:  

Секаде во Република Македонија имавме проблем со бројот на полициски служебници, некаде помалку некаде повеќе.    Со вработување на  полициски службеници кои завршија обука или допрва се на обука,  имаме зголемување. Тоа е случај и со СВР Велес има видно зголемување но тоа не е доволно за  да бидеме задоволни.   Очекувам со следната ротација на обука на млади полицајци, ќе достигнеме ниво на службеници кое е доволно за безбедноста во Велес. Работиме на набавка на опрема, униформи, што придонесува и младите службеници да бидат мотивирани  и работат поангажирано - кажа Спасовски.

 Прашан за враќање на маалските полицајци или позарникари, тој рече дека во Велес ги има на одредени локации.  

Во СВР Велес на неколку безбедносни  реони е започната и постои и го прошируваме. Како ќе се шири бројот на нови полицајци, така ќе се шират и реоните. Граѓаните сакаат дома да се чувствуваат безбедно, но кога ќе бидат сопрени и казнети за некаков прекршок,   тогаш е виновна полицијата - додаде Спасовски. 

Градоначалникот Аце Коцевски, кој беше домаќин на министерот Спасовски,  ја истакна  добрата соработка со Полициската станица Велес  на МВР во Велес,   со обезбедувањето на јавниот ред и мир и регулирањето на сообраќајот.   

Реагиравме во името на граѓаните, на нивните поплаки. Тоа се бучава - музиката од одделни угостителски објекти во ноќните часови, групирањето на млади во парковски површини, не носењето на кациги на младите моторџии - рече градоначалникот Коцевски.

Тој се заблагодари на како што рече брзата реакција на министерот Спасовски околу вработувањето на 10 пожарникари, бидејќи Велес кубури со пожарникари. 

loading...

Поврзани »

loading...

Акција за собирање на електронски и електричен отпад

По четврти пат Општина Велес, ЈКП Дервен и „Нула отпад“ - Скопје организираат Акција за собирање отпад од електрична и електронска опрема За таа цел, компанијата „Нула отпад“ од Скопје отпечати информативен леток кој е дистрибуиран од страна на ЈКП Дервен, со сметките за комунални услуги. Детали

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com