Министерот Филипче бара контрола на примената на мерките за заштита од ковид-19

Петар Печков


Министерот за здравство Венко Филипче бара од надлежните  да контролираат  дали се применуваат  мерките кои ги донесе Владата, за заштита од КОВИД-19. Ова доаѓа по бројните примери дека граѓаните не носат заштитни маски, не држат задолжително растојание од два метри.  

Има граѓани кои ги почитуваат мерките и нив сум им многу благодарен. Но има и лица кои не ги почитуваат. Затоа апелирам до институциите кои се должни за контрола на активните мерки, да ја прават таа контрола. Не смееме да дозволиме се што направивме до сега, сите одрекувања, сите жртви да пропаднат и   да се вратиме на почеток - рече министерот Филипче на прес-конференција.    
Велешката полиција откако вчера соопшти дека  предупредува  за не носење маски, не држење растојание, денес со дополнителна информација.

Во СВР Велес има изречено вкупно седум казни, и тоа, две во Велес, една во Кавадарци и четири во Неготино. За групирање нема изречено казни -  соопшти  Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, на прашањето дали уредбите  на Владата со законска сила, за држење растојание и носење на заштитна маска,  се применуваат од страна на граѓаните и дали велешката полиција констатирала прекршоци. 

Нивниот претставник во Општинскиот кризен штаб, неодамна посочил дека од почнувањето на вонредната состојба до 13-ти мај поднела 106 кривични пријави за  „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, или толку лица биле уапсени во време на полициски час, на улиците од градот.

Изминатото деноноќие пет лица во Велес не ја почитувале забраната за движење за време на полицискиот час.   Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лицата кои се  во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки.

Поврзани »

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ недела се прска против комарци

Општина Велес ја информира јавноста дека, првото авионско третирање против комарци ќе го изврши на ден 07 јуни (недела) 2020 год. Детали

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

  • да во Македонија
  • да во странство
  • не
Резултати