Министерот Филипче спроти 17-ти март Денот на крводарителите, крвта од дарителите се чува по протокол

Петар Печков

Министерот за здравство Венко Филипче на одбележувањето на 17 март денот на Крводарителите негираше дека  крв од дарителите завршува на отпад, поради поминат рок на употреба и дека се користат лоши по квалитет кеси.

Констатација на Државниот завод за ревизија   во нивниот извештај за 2017-та е  дека ,,значителни количини дарувана крв во Институтот за трансфузија завршуваат на ѓубриште поради изминат рок на употреба и оштетени кеси за чување,,.  Министерот Филипче тврди дека се работи по протокол. 

Во земјава имаме модерен современ начин на третирање на  крвта во Заводот за трансфузија. Тоа  што се случува со фрлање одредени количества крв, е поради  начинот на работа. По донирањето таа се дели на  елементи, еритроцити,  тромоцити и крвна плазма.  Секој дел од нив има различен  век на траење. Еритроцитите можат да стојат неколку дена,  тромбоцитите повеќе недели а крвната плазма  повеќе месеци, затоа се случува  такво фрлање. Станува збор за строго контролиран процес - рече министерот Филипче.   

Наспроти тоа во извештајот на Државниот Завод за ревизија пишува дека имало пример кога се уништени значајни количества на донирана крв. 

,,На подрачјето на еден регионален центар утврдено е дека е извршена елмининација на значително количество на крв и крвни деривати во процент кој достигнува и до 263 % во однос на вкупно произведените крвни компоненти. Согласно доставените објаснувања се работи за елиминација извршена поради оштетувања на кесите како и поради изминат рок на траење иако од истата анализа е видливо дека во рамките на останатите регионални центри овие проценти се значително пониски“, соопштуваат од ДЗР.

Се согласуваме дека одредени количества на собрана крв, поради поминат рок треба да бидат отстранети, но никогаш не сме имале проблем со собирање на крв.  Хуманоста на нашите граѓани е висока.  Лани го имаме надминато просекот, собрани се 57 илјади крвни единици  или тоа е 103 отсто.  Хуманоста тие ја покажаа и во случајот со автобуската несреќа кај село Ласкарци  кога имаше голем одѕив за крводарување  - рече  д-р Ромел Велев претседател на Републичкиот Црвен крст. 

loading...

Поврзани »

loading...


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Какви специјалистички здравствени услуги користите?

  • од јавното здравство
  • од приватното здравство
  • комбинирам
Резултати