Министерството за животна средина ја одзело ,,А,, еко дозволата за работа на Варницата во Превалец

Петар Печков

Фабриката за вар во Превалец останала без ,,А,, интегрирана дозвола, кажа градоначалникот на Велес Аце Коцевски. Тој на прес конференција ја објави одлуката на Министерството за животна средина, кое пролетва ја додели истата, но по правната аргументација на Општина Велес, истата  неколку месеци подоцна ја повлече.   

По постапката која ја поведовме пред второстепената владина комисија а  по реакциите на јавноста, за згадувањето од  фабриката во Превалец, Министерството за Животна средина ја   одзеде  ,,А,, интегрираната дозвола. Тоа се случи  на 4-ти јуни годинава, но и покрај тоа фабриката продолжи да работи цело лето. Иако инсталацијата е од ,,А,, категорија која е во надлежност на државата, како градоначалник морам да реагирам, во интерес на  здравјето на граѓаните - рече Коцевски. Општина Велес ја оспори ,,А,, интегрираната дозвола оти истата  била пренесена од претходниот сопственик, без да се запази законската  процедура.  

Во април  месец Општина Велес добила  решение дека извршен е пренос на ,,А,, интегрирана  дозвола од оператор ,,Уса констракшн,, за  операторот   ,,Техно Павер, за Варницата во Превалец или истата е пренесена  од стариот оператор на новиот. Локалната власт реагира дека во овој случај новиот оператор требало да ги исполни сите стандарди па да добие ,,А,, интегрирана еколошка дозвола а не старата дозвола од стариот оператор, со рокови кои се минати четири години, да се пренесе на новиот оператор.  

Постапка за добивање на ,,А,, интегрирана дозвола трае  една година и повеќе. Министерството ја издаде дозволата за само два месеци и спротивно на законот не ја праша Општина Велес за да се запази постапката - кажа Билјана  Манаскова Шуркова општински инспектор за животна средина.       

Изминатата година имаше жестоки реакции од јавноста во градот, од жителите на населба Превалец, Тунел дека фабриката загадува а реката Тополка во повеќе наврати беше бела.  Од фабриката уверуваа дека тоа што го гледаат во воздухот не е бела прашина туку бела водена пареа, резултат на производниот процес.  Градоначалникот  најави дека ќе се организираат граѓански протести ако Варницата продолжи да работи без дозвола. 

Доколку сопственициве продолжат да работат без дозвола, ќе се организираме со граѓаните во  акција за спречување на натамошната работа. Вчерашниот инспекциски надзор покажа дека во моментот Варницата не работи, сепарација запрела пред неколку дена и е предмет на ремонт - изјави Коцевски.  

Очекува во постапката за добивање на А интегрирана дозвола на Фабриката за вар  согласно законот да била вклучена и локалната власт,   да не биде заобиколена како  претходниот пат.

loading...

Поврзани »

loading...

Rontis вработува магационер

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала Ронтис заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи: Mагационер Детали

Rontis вработува техничар за одржување

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала „Rontis“ заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи: Техничар во оддел за одржување

Детали

Rontis вработува оператори

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи: 20 (дваесет) Оператори во производство Детали

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com