Мирен продолжен празничен викенд

Петар Печков

СВР Велес инфоpмираше дека зад нас  беше мирен продолжен празничен викенд, без сериозни нарушувања на јавниот ред и мир, и без тешки сообраќајки. Случени се две труења  на две жени во одвоени случаи и двете со апчиња и солна киселнина на една 70 годишна жена и на друга 67 годишна жена. И двете биле препратени на Токсикологија во Скопје, и според полицијата вон животно загрозувачка состојба.

Во неделата на  8-ми април ., околу 21.15 ч. во Велес на ул. “Андон Шурков“ дојдено е до сообраќајна незгода во која патнички автомобил марка “Ситроен Саксо“ со велешки регистарски броеви управувано од М.Е.(30) од Велес,  удрил во паркиран патнички автомобил марка “Рено Клио“ со велешки регистарски броеви. Во незгодата со повреди се здобил возачот М.Е. кој со  возило на Итна медицинска помош е однесен на лекарски преглед во ЈЗУ Општа Болница - Велес, каде што, се констатирани повреди и истиот е задржан на посматрање - информираа од СВР Велес.

loading...

Поврзани »

loading...

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ВАР технологијата воведена на ова СП во фудбал, придонесе тоа да биде поправедно?

  • да
  • не
  • не го следев СП
Резултати