Мирна новогодишна ноќ

Петар Печков

Пречекот на Новата 2019-та година минал мирно. Велешани биле примерни за новогодишната ноќ, ако се суди според информациите од велешката болница и полиција. 

Од  МВР  за 1-ви јануари како настан го водат инцидентот кој се случил пред дискотека во 3 часот. Нападнато било 17 годишно момче а полицијата презема мерки за расчистување на случајот. Не  се регистрирани сообраќајки.   

Од ЈЗУ Општа Болница Велес  информираа дека имале мирна ноќ. Едно лице било донесено на хирургија, како последица на тепачка и тоа  откако му е пружена потребната помош,  хоспитализирано  и  денес е пуштено дома. Немало давање на помош поради сообраќајни незгоди.   

На интерното одделение немало лица кои побарале помош поради алкохолизираност или прејаденост а на нервното одделение поради користење на наркотици.   

 

loading...

Поврзани »

Изгоре куќа на Јурија
loading...

>

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

  • на Охридско
  • на Дојранско
  • на Преспанско
  • на Јадран
  • на Црно море
  • на Егејот
  • на езеро Младост
  • на планина
  • дома пред тв и со ер кондишн
  • во Албанија
  • во Турција
  • преку викенд одам до Грција
  • на некој од базените во градов
Резултати