Митушевски хуманист на Велес, Андреевски службеник на годината

Петар Печков

Крајот на годината општина Велес ја организираше традиционалната  новогодишна свеченост. На неа се сумираше година која измина, се најавија активностите за следната.  Се доделија и признанија, изостанаа признаније кои се врачуваа минатите години во повеќе области, годинава се додели за хуманист и за државен службеник. 

Тодор Митушевски го доби  признанието за хуманист. Ако до минатата година се доделуваше за најмногу дарувана крв, овој пат Митушевски се истакна со тоа што секој месец, како што рече неговата скромна пензија ја префрла на велешкиот Црвен крст, за хумани цели.   Во образложението беше напишано ,, овој скромен човек кој никогаш не проговорил за неговата хуманост упорно се труди да им помогне на сите. Како пчелите на кои им го посветува животот, неусетно ја храни вербата во човекот и надежта за поубав свет,,.

Од редот на административните службеници  признанието го доби  Љупче Андреевски, раководител на одделението за финансиски прашања во Општина Велес.  Според образложението тој  не само годинава, туку континуирано се истакнува со неговиот труд и работа. За многумина е препознатлив по посветеноста но и смислата за хумор со која не само што умее да ги расположи колегите, туку секогаш носи нова свежина дури и кога се работи до доцна.   

Признанија добија и две вработени во локалната власт, за 10 години континуирана и успешна работа -Снежана Дервишова, советник во Одделението за изградба и одржување на комунална инфраструктура и Наташа Калешова вработена во Одделението за правни, општи работи. Наградата ,,Ѓорги Ѓоптрајанов,,  за најдобар студент ја доби Надица Шкрекова, студент на петта година на  Медицинскиот  факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.  Таа има просек 9,92.  Неа како  изненадување и беше врачена бонбониера ,,бајадера,, која беше подарок од Тони Тодоровски, научник од Велес, кој работи во Барселона и била наменска за најдобриот студент на Велес.    Беа доделени и стипендиите за десете таленирани ученици и студенти.  

Крајот на годината е време кога се анализираат резултатите од година која изминува  и се најавуваат плановите за следната година. 2017 година  според  градоначалникот Коцевски беше многу тешка, политички турбулентна, година со многу ризици и неизвесности, година која треба што побрзо да ја заборави, и да посакаме да не се повтори. 

Ова е  година од која ако сме умни треба да извлечеме многу корисни поуки. Уште на почетокот морам да потенцирам дека заради големите долгови кои ги наследивме од безмалку 3 милиони евра се одлучивме на радикално штедење и домаќинско однесување. Затоа ве молам да не ни замерите што оваа свеченост е скромна, што нема да има организиран дочек на Нова година, што нема ексклузивно украсување на улиците,  плоштадите и парковите, што нема новогодишни подароци, календари и слични нешта.  Состојбата е сериозна, бара од нас одговорност, штедливост, домаќински однос и грижа буквално за секој денар на граѓаните што се слева во општинскиот буџет. Мора да даваме пример и да ги воспитуваме младите дека Македонија е сиромашна држава, дека Велес е сиромашна општина и дека мора многу напорно да работиме за да успееме во животот, мора да го цениме тоа што го имаме, да го чуваме, да не ги расфрламе јавните пари за луксузирање туку напротив да ги трошиме за вистинските приоритетни потреби на граѓаните затоа што има многу сиромашни, болни, инвалидизирани и лица со посебни потреби на кои нашата помош, јавните пари им се неопходно потребни. Мојата новогодишна желба е Велес да биде сплотен како никогаш досега и секој што умее да придонесе, да придонесува за сите. Ве поканувам во 2018 година да го градиме заедно тој нов Велес на иднината, Велес во кој аманетот на нашите големи предци.

Посакувам во следната година сите да си ги живееме своите животи порелаксирано, неоптоварени многу со политика која за жал премногу навлезе во нашите животи, посакувам помалку да се делиме по партиска основа, а повеќе да се обединуваме без оглед на партиската, етничката и верската припадност околу темите кои се од стратешко значење за нашата земја.  На сите  жители на општина Велес, на  велешани каде и да се на земјината топка  Ви  ја честитам Новата 2018 година и Божиќните празници на православните христијани со желба пред се да живееме во мир, да сте живи и здрави да ги остварите сите соништа, сите визии, да дочекате година на успех и врвни резултати, година исполнета со лична среќа, многу здравје,љубов, спокојство,  радост, лични и деловни успеси и бериќет - рече Коцевски.

loading...

Поврзани »

loading...

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ВАР технологијата воведена на ова СП во фудбал, придонесе тоа да биде поправедно?

  • да
  • не
  • не го следев СП
Резултати