Михов најбрз поштар во Македонија, Толевски втор (фото)

Петар Печков

Победничката серија за футсал екипата на Велес во Првата лига продолжува. Во саботата во салата Гемиџии велешани, иако со променет  состав од лани, уверливо со 7:1 го победија СЕЕУ Тетово. 

Во Супер лигата ракометарите на Борец на гостувањето во Битола, загубија од помладиот тамошен лигаш Работник  Еурофарм со 31:24 ( 15:13).  Борец повеле во првите десетина минути до 5:6  за потоа домаќините поведуваат  и со водство од 2-3 гола било се до  финишот на вторите 30 минути, кога битолчани прават серија  и водат со 28:20 со што е решен победникот.  Најефикасен во редовите на  Борец е Илиев со 7 додека  Мајнов со 9 кај Работник. По ова шесто  коло ГРК Борец е петти со 7 бода. Следи пауза во првенството а продолжува на 4-ти ноември, кога Борец дома го пречекува Охрид, кој е сосед на велешани со ист број бодови.  

Во Градскиот парк во Велес се одржа 21-то  Државно првенство на поштари  во брзо одење. Учествуваa 38 во машка и 9 во женска конкуренција, доставувачи и шалтерски работници.  Мажите одеа 10 км а жените 5 км.   Кај мажите победи велешанецот Трајче Михов со  49.20,   пред Виктор Толевски исто  така од Велес со  50,50 и Алберт Садиковски од Битола со  51.40. Кај жените победи  Татјана Ѓурчиновска од Кичево  со време 31мин 10сек.  Таа  е победник на сите досегашни првенства.  Организатор беше синдикатот на ЈП Македонски пошти – Велес.   

Се одигра 8-то коло од Третата лига Центар. За велешките екипи две победи и  пораз.  ФК Превалец со убедливи 5:1 го победи ниско пласираниот тим на Габер.    ФК Бабуна во соседското дерби  со  1:0 го победи ФК Питу Гули од Крушево.   Илинден од Башино село на гостувањето   кај лидерот    Вардар во Неготино  е поразен со   4:0.   По ова коло Бабуна  останува втор а   Превалец трет со 18 односно 16 бода, водечкиот  Вардар има   22.  Илинден БС е претпоследен  13-ти  со  само три бода. Во следното коло    Илинден БС го пречекува Партизан кој е 4-ти со 16 бода, Бабуна гостува на Марена која е 6-та со 14 бодови  а  Превалец на  Напредок во Крушеане кој е 12-ти со  4 бода.

Се одигра петтото  коло од Општинска фудбалска лига. Во дербито за врвот, лидерот  ФК Тополка го ,, растури,, второпласираниот Мартолци со  5:0. 

ФК ТОПОЛКА - ФК МАРТОЛЦИ              5:0
ФК ГОРСКИ - ФК СОГЛЕ                        5:1
ФК Интернационал - ФК БАШКИМИ    1:7
ФК МЛАДОСТ - ФК ФОРЦА НОВА          2:0
 
                   Т  А  Б  Е  Л  А
1. ФК ТОПОЛКА                   5   5  0   0  22:  4    15
2. ФК МАРТОЛЦИ 2007        5   3  1  1  15: 12   10
3. ФК БАШКИМИ 2008         5   3  0  2  12:   5      9
4. ФК Интернационал         5   1  3  1  11: 15     6
5. ФК ГОРСКИ                      5   1  2  2   6:  5       5
6. ФК ФОРЦА НОВА              4   1  1  2   6:  8       4
7. ФК МЛАДОСТ                    5   1  1  3   3: 9        4
8. ФК СОГЛЕ                         4   0  0  4  7 :24      0

Во следното коло играат:
Велес    ФК МАРТОЛЦИ 2007 - ФК ФОРЦА НОВА   
Велес    ФК БАШКИМИ 2008 - ФК МЛАДОСТ   
Чашка   ФК СОГЛЕ - ФК Интернационал   
Велес    ФК ТОПОЛКА - ФК ГОРСКИ

loading...

Поврзани »

loading...
Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017

Дежурство на аптеките (НОЕМВРИ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com