Мицковски - СДСМ можеа ама за три години ништо не направија

Петар Печков


Вчеравечер предизборна  средба со жителите на Велес имаше раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Таа се одржа на  игралиштето во населба Тунел, а на неа говореа кандидатот за пратеник од Велес, Игор Здравковски, носителот на изборната единица „3“ Игор Јанушев и лидерот на партијата Христијан Мицковски. Прв на собраните граѓани им се обрати Здравковски. 

Три и пол години сме омаловажувани,  го губиме нашето достоинство. Дојде време да се стави крај на ова.  ВМРО-ДПМНЕ е тука да се излезе од оваа состојба. Три и пол години се нема визија, владее апатија, нема мисла за иднината. Тапкаме во место. Со проектот „Обнова на Македонија“ ќе му го вратиме местото на Велес - рече Здравковски. 

Изборите на 15а-ти јули се битка за враќање на судбината во рацете на народот, порача Јанушев и преземање на контролата над сопствените судбини. 

Заев не е способен да испорача ниту еден резултат.   Затоа на овие избори треба да се порази најголемиот вирус, кој ја уништува Македонија, вирусот кој има име и презиме Зоран Заев. Велат можеме, не, тие можеа.  Можеа да направат нешто за народот, ама со мал прст не мрднаа.  Барам од почетокот на кампањата да објават еден проект, кој направиле или почнале, нема не постои такво нешто.  Патриотите кои ги осудија за тероризам, на 13, 15 години затвор, што се ако не  неправедно политички осудени. Ќе донесеме правда за тие луѓе. Ќе донесеме Закон за потеклото на имотот.  Ќе овозможиме Академијата за судии и обвинители да работи професионално и да ги дава најдобрите кадри а не оваа „кумровачка“ школа која ја направија.     Секој глас за СДСМ и Беса е глас за федерализација и поделба на Македонија. Со нашата програма насловена „Обнова на Македонија“ се обврзуваме на подобар живот.   Со работа и труд ќе го вратиме достоинството, кое сега ни е погазено. Да ја направиме Македонија да биде дом за сите нас. Дом каде ќе се реализираат проекти кој ќе го подигнат животниот стандард. Се обврзуваме дека ќе работиме за доброто на сите, за повисоки плати од 25%, повисоки пензии од 20%,  намалување на невработеноста, враќање на рамен данок, гасификација целосна и бесплатен приклучок за секој дом - порача Јанушев. 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ  Христијан Мицковски кажа дека овие избори не  се обични избори,   туку избори кога се одлучува за семејството и за иднината на потомците и да се обели образот на предците кои со живот го  платиле ова што денес го живееме.

Овој народ , без оглед на верските и етничките разлики се обединувал кога било најтешко. Се спротивставува на помоќен и поброен противник од ова раководство на СДСМ.    Доколку продолжат да владеат ќе направат големо национално предавство, потоа голема пљачка,  криминал и корупција и ќе го заробат обвинителството и судството за да се пресметаат со политичките противници. Сега на маса е Македонија.  Коалицијата СДСМ Беса започнува со федерализација а потоа и нејзино уништување.  СДСМ изминатите години  можеа ама ништо не направија.   Сите кои се огрешиле пред законот сите ќе одговараат, не може неправдата да царува, не може криминалците да бидат главни во општеството, а младите да заминуваат од Македонија.  Ќе има бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата.  Мора да има одговорност. Да ги вратиме трудољубивоста, чесноста, честитоста, хуманоста, желбата да се помогне,  вредности кои се подзаборавија. Никој повеќе нема да управува со народот, туку ќе владее за народот, доста е од политички елити.  Внимателно ја создававме нашата „читанка“ на 360 страни,  наречена проект „Обнова на Македонија“ , многу експерти  определени и неопределени од земјава и од странство работеа на неа, Вие народот преку „разговори за обнова на Македонија“  учествувате во нејзиното создавање.  Предвидовме здравство кое ќе се темели на превенцијата,  здравство со инвестиции кон докторите и здравствениот персонал. Најмногу простор посветивме на реформите во правосудството, бидејќи без правна држава се ќе биде попусто - кажа Мицковски.  

Тој во 30 минутното обраќање не го спомена Преспанскиот договорсо Грција  а  договорот со Бугарија  посредно дека Гоце Делчев е наш а за  јазикот  е наш македонски јазик и за него нема преговори. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати