Мицковски побара оставки од министрите Спасовски и Димитров

Петар Печков

Од протесниот марш на опозициската ВМРО -ДПМНЕ одржан на пладне во Велес лидерот Кристијан Мицковски испорача неколку барања до власта. Меѓу нив побара оставки од министрите Спасовски и Димитров како и формирање на комисија за преслушување на материјалите од како што Спасовски  го нарече ,,црниот Вотергеј,,,случајот со прислушувањето на судиите и обвинителите.

Министерот  Спасовски и  да си замине заедно со  тој што го советува, знае кој е тој до него е рамо до рамо, нека си заминат да не ја повторува неговата грешка, заради сите нерасчистени  убиства, сиот криминал, црниот Вотергејт 

Оставка и од министерот за надворешни работи Никола Димитров, оти се срами од  својот народ и од според него искомплексираната нација. Затоа што ги навреди чувствавата на сопствениот народ.    

Да престане економскиот  опустошување е на Македонија и веднаш да биде повлечен  предлогот за зголемување на даноците во Македонија.

Да се формира комисија која ќе ги  анализира, преслуша сите разговори снимени во аферата,,црниот Вотергејт,, на Зоран Заев и Оливер  Спасовски, кои повеќе до две  години биле слушани судии да не избегаат од нарачаните судски пресуди да не избегаат од конструираните обвиненија. Затоа се слушани две години Се додека не се формира таа комисија нема да престанеме да протестираме. 

Да продолжи проектот  за гасификација а не да ги кратите парите и пренасочувате во општини каде Вашите градоначалници и од коалиционите партнери ги опустошиле во претходниот мандат, како што е во случај во Тетово, Куманово, Струмица - кажа Мицковски. 

Пред него говореше локалниот лидер на ОК ВМРО-ДПМНЕ Игор Здравковски.

Живееме во најцрно време, кога е грев да се каже зборот македонски, македонски јазик, живееме во време пред 70- 80 години. Ова ненародна власт мора да си замине, таа дојде на сила само да му наштети на македонскиот народ. Над нас се надвиснати најцрните денови и ако сакаа да на видат на колена, нем да дозволиме. Ништо што ветија не сработија - кажа Здравковски.      

За крај лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски го заврши неговото обраќање со песната  ,,Копачите,, на Кочо Рацин.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати