Младинско –црковниот хор ,,Св. Кирил и Методиј,, со награди од Фестивалот во Москва

Петар Печков

Младинскиот  црковен хор на Повардарската епархија „Св. Кирил и Методиј“ од Велес се врати со три награди  од  престижниот меѓународен  фестивал за хорско пеење „Звучит Москва“ во Москва,  Руската федерација.

Во категоријата за младински хорови освоија прво место во духовна категорија и најдобра изведба на православна духовна музика, прво место во категорија на световна музика и најдобар диригент во категорија световна  музика. 

Овие награди се во конкуренција на 60 хора од   Русија, Шпанија, Белорусија, Бугарија, Тајланд, Кина, Австрија и велешкиот хор како единствен  учесник од Македонија.

За  да се има успех, мора да   се сака работата и  да  се вложувате во неа. Желбата за докажување на носеше. Со приложениот материјал нас како хор не одбраа да учествуваме и на отворањето и на  затворањето на фестивалот.   Настапивме и со песни од македонски автори, посебно ни е  драга наградата за духовна музика – изјави диригентската Веселинка Маџарова.

Таа дополни дека   за да се учествува на  фестивалот во Москва имало предселекција,   каде се пријавиле 800 хора а меѓу нив велешкиот бил избран да учествува    на завршницата со 180 други. Настапиле во Домот на музиката ,,Чајковски,, во Москва,, .

Велешкиот хор учествувал во две категории световна    каде настапил со задолжителна композиција  за Москва,  со ,,Орал дедо,, од Драган Шуплевски  и ,,Пријдете уваженом Јосифу,, од Чесноков и во духовна  категорија каде ги испеал ,,Величание Св. Кирилу и Методију,, од Тодор Скаловски и дело од Кедров.  

Учеството на Фестивалот  во Москва беше огромно искуство и  голема чест што   можевме да  настапиме таму. Чувството не се  опишува со зборови., Се чувствувавме мали на  тие големи сцени, достигнавме така голем успех. Се вративме среќни, докажавме дека  хорот вреди – изјави Клементина Ѓоргиевска.

Настапот беше нешто различно од се што досега сме имале, со зборови ен може да се долови. Голема благодарност до нашата диригентка, која со толку љубов и посветеност, со исполнетост не води, со верување во нас. Хорот не смени  карактерно со помош на диригентката која беше и мајка и  професорка – изјави Цветанка Мирова.

Младинскиот црковен  хор Св. Кирил и Методиј,, постои пет  години  работи од 2012-та година под покровителство на Повардарската Епархија во Велес. Хорот кој според структурата е  женски  камерен,  брои 22 хористки од 11 до 21 година возраст и најчесто на репертоарот има духовни и световни  композиции а секоја недела пее на литургиите од црквите во Велес. 

Се гордеам  со Вас  дечиња, многу Ве сакам и сакам да продолжите  да го негувате македонското црковно пеење, да бидете амбасадори на македонската  православна црква , на  нашата држава  и  нашиот град. Хорот го преставуваше македонското духовно и црковно пеење  – им се заблагодари Владиката Агатангел, Митрополит на Повардарска Епархија  на  МПЦ-ОА.

loading...

Поврзани »

loading...
Дежурство на аптеките (АВГУСТ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Каква е културната понуда и забавата летово во Велес?

  • одлична, има се
  • никаква, нула
  • има по нешто, за сечиј вкус
  • од што има, одам во други градови
Резултати