Младиот кромид од Башино село падна на 50 денари за сноп

Петар Печков

Годинава младиот кромид во Башино село ја достигна најниската цена откако се памети. Деновиве еден врзоп  се купува од накупците за 50 денари. Ваква вредност не помнат ниту најстарите жители. Велат полошо не било.  

Ова е бедно, ваква цена од 50 денари јас не паметам. Толку не обзвреднија, што е срамно. Пред три седмици во најголемиот  ек на откупот цената од 70 денари ни изгледаше мизерна ама имало и полошо - вели постар жител на Башино село.   

За илустрација мината година еден врзоп чинеше 350 денари, па се симна на 200 денари.  Селото брои околу  200 куќи со илјада жители. Безмалку сите живеат од одгледувње на младиот кромид, по што се познати низ Македонија и пошироко. Годинава откупот почна одлично 40 денари за килограм што одговара за 400 денари за сноп.  Но ова траеше кратко. Откако неколку шлепери заминаа за Хрватска, остатокот од родот заврши на пазарот во Македонија.  

Ние работиме, печалат накупците. Затоа  површините каде уште има млад кромид се фризираат , родот се фрла и се засадува пипер и домат.  Причина за вака ниската цена е што католичкиот Велигден беше рано уште на први април, организираниот откуп траеше само 3-4 дена  и затоа родот остана по полињата - вели друг прозиводител.  Се надеваат дека другиот зеленчук кој го засадија ќе ги извади од  минусот кој им го донесе младиот кромид и ќе можат да вратат дел од вложените пари. 

loading...

Поврзани »

loading...

Ронтис вработува оператори во производство

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

30 (триесет) Оператори во производство



АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

2018-та е зад нас. Како ќе ја помните?

  • како и секоја друга
  • имаше и убави и лоши моменти
  • ми донесе многу радости и убави мигови
  • што поскоро да ја заборавам
  • постар сум за една година
Резултати