Можат и Италијанците да ви позавидат, на пастрмалијата

Петар Печков

По синоќешниот концерт на Здравко Чолиќ, на Питијадата тој даде интервју. Зборуваше за своите настапи, концерти, за музичките планови, за  што стекнал со бавење со музика без малку пет децении  

Се заблагодари на публиката за како што рече одличниот прием, и покрај  лошото време.  Последен пат, пред овој настап, тој имаше концерт во есента 1993-та во салата 25 мај,  каде како група го пратеа ,,Ла манш,, а пред него за загревање пееше Владо Јаневски.   

Драго ми е   што  по толку години повторно сум во Велес  да пеам, но и да пееме заедно со присутните.  Долго време не сум бил  во Велес. Имав можност да се дружам со поголема публика, отколку во сала, во затворен простор. Беше убаво, иако времето малку се заврте. Немаше дожд,  но  беше ладно. Но се добро се заврши и јас сум среќен од енергијата која ја покажаа присутните. 

        Дали програмата беше наменска, или подготвена за концертна турнеја?

Имаме програм, кој е  горе доле извежбан. Со мали разлики  на некој настап, по желба на  публиката.

      Имаше доста млада публика, која  ги знае Вашите песни. Како го толкувате тоа, што тоа се песни кога тие не биле родени. 

Тоа е најубавата работа, кога долго траете а гледате млада публика која ги знае песните. Тоа е најголемо задоволство, кога  на едно место, на концерт гледате публика од сите генерации. Тоа е резултат на подолгорочна работа, сите  години наназад. Ако снимаш нови песни, но да не ве следи нова генерација, тешко е дека ќе имаш публика.   Таа млада публика  ме влече на концертите, ми дава енергија.

         Пробавте ли пастрмалија во Велес. Лани пеевте во Штип и која е подобра? 

Пробав по концертот велешка  пастрмалија, одличен е специјалитетот. Вашата  е супер, има јајца. Можат и Италијанците да ви позавидат, со нивните италијански тестенини. 

   Во програмата од концертот Ви беше и поседната песна ,,Мала,, и најавивте за некој ден нова. Планирате ли  нов албум наскоро? 

Работам  на нов албум, кој  ќе биде миксан во ноември месец. За една седмица, следниот понеделник излегува новиот сингл, кој е весела песна, со тамбураши со трубачи.  Албумот ќе биде работен  со една позатна светска компанија за пијалак. И ќе се дели како подарок пред нова година, да ги израдувам моите фанови.  Сите песни се подготвени и ќе биде издаден во половината на декември.  

    Колку македонската песна ве инспирира? Може ли  некоја да се најде на Ваш албум?

Разговарав со Влатко  Стефановски, да направиме некоја обработка.  Мојата неостварена желба е обработка на стара македонска  песна, но на модерен начин. Има доста македонски песни обработени, затоа  барам некоја  која е малку позната. Но има уште непознати, кои    се феноменални, кои  во модерни аранжмани може  феноменално  да се отпеат. Како Тоше што ги обработи. 

     Која песна македонска ај пеете во друштво на маса, дома, со  пријателите?

Море сокол пие вода на Вардарот и Калеш Анѓа. Има многу.

        Повеќе до четири децении сте на сцена. До кога ќе настапувате?   

Горан Бреговиќ вели, со што да се бавам сега, по толку години со музика. Музиката е цел мој живот, градежник не можам да бидам. Се додека публиката ме бара, ќе бидам присутен. И додека здравјето  ме служи. Завршив  економист,ама цел живот сум уметник.    Следен настап му е следната недела во Сплит, потоа пауза до Нова година. Од пролет тргнувам на турнеја. Можеби промоцијата  на новиот албум ќе ја започнам од Скопје и салата Борис Трајковски.  Што се однесува до танчарите, тие се членови на театарска група од Белград, која изведува исклучиво музички престави.  Тие настапуваат исклучиво на вакви големи  , масовни концерти како  овој во Велес.  

      Дали се точни гласните, дека вложувате во  недвижности  и имате стотина станови?

Не , не е точно. Заработив доста пари, но  лесно ги трошам.    Од музиката може да се живее, но не и да се обогатиш. Најголемото богатство е публиката, која одлично  те прима.  

loading...

Поврзани »

loading...

ИТНИ МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО НА АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Советот на Општина Велес на седницата одржана на ден 27.11.2017 година, донесе
ОДЛУКА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ ИТНИ МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО НА АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Конкурс за стипендирање на талентирани ученици и студенти за учебната 2017/2018 година

Во согласност со Програмата на Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес 25-5299/3. Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес на ден 13.12..2017 година, распишува К О Н К У Р С

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017

Дежурство на аптеките (ДЕКЕМВРИ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com