Моторист од Горно Јаболчиште тешко повреден, уапсен жител на Башино село - превезувал мигранти

Петар Печков

МВР информира за два настани кои се поврзани со Велес. Жител на Башино село е уапсен при превоз на мигранти а жител на Горно Јаболчиште паднал од мотор и тешко се повредил.

Петокот попладне 09-ти парил околу 16.30 часот полициски службеници од Полициска станица Штип го лишиле од слобода Ј.Ш.(39) од Башино село, велешко, бидејќи при извршена контрола и преглед на патничко моторно возило „рено меган“, со велешки регистарски ознаки, кое тој го управувал, било констатирано дека превезува две лица-мигранти од Мароко. Ј.Ш. е задржан во полициска станица, додека лицата-мигранти се сместени во Прифатно-транзитен зентар „Гази Баба“ за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок- информирааа од МВР.

Петокот попладне, 09-ти април  во 16.40 часот во СВР Велес од Општата болница Велес било пријавено дека со тешки телесни повреди бил донесен Б.А.(29) од  Горно Јаболчиште, кој според пријавеното со повредите се здобил при пад од мотоцикл „крос 250“. За случајот е известен Јавен обвинител и извршен е увид на местото – соопштија од МВР.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати