Моторист паднал и тешко се повредил, работник во фабрика се здобил со тешка повреда

Петар Печков

Во текот на вчерашниот дена два инцидента, во кои две лица се здобиле со тешки телесни повреди.  Повреден е работник во фабрика во Велес, и поради тежината на повредата е префрлен на трауматологија во Скопје. Во вториот случај моторист паднал и се здобил со тешки телесни повреди. СВР Велес со информација за двата инциденти.

На 31-ви март  околу 15  часот во СВР Велес било пријавено дека во фабрика во Велес, додека извршувал работни задачи, З.Н. (60) од Велес  се здобил со тешки телесни повреди,- кажа Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. Тој најави дека се работи на расчистување на случајот. 

Околу 15часот на одделот за хирургија донесен е пациент на 60 годишна возраст повреден на работно место, пациентот се здобил со скршеница на десна натколеница, поради тежината на повредата препратен е на трауматологија при УК за хирушки болести Св. Наум Охридски- соопшти д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес..

На  31-ви март  во 17.45 часот во СВР Велес било пријавено дека на делницата од автопатот Градско-Велес, на место викано „Венуле“, Н.П.(28) од Велес, управувајќи мотоцикл „Сузуки“ со велешки регистарски ознаки, паднал на коловозот – рече Додески.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес, по што ќе бидат познати причините за инцидентот. 

Околу 18 часот на одделот за хирургија од страна на Брза Помош донесен е пациент на 28 годишна возраст  повреден во сообраќајна несреќа со мотор при што се здобил со скршеница на десна подлактица и нагмечотини на рамо и двете колена, истиот е задржан на 24 опсервација на одделот за ортопедија при ЈЗУ Општа Болница Велес – додаде –др Јованова.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати