Наградата за животно дело за карикатурата во Македонија „ЦИЦО“ за велешанецот Миле Манчевски

Петар Печков

Во просториите на Светската галерија „Остен“ во Скопје беше врачена наградата „ЦИЦО“ на велешанецот, карикатурисот Миле Манчевски.  Наградата е наменета за македонски карикатуристи и се доделува традиционално на Светската Галерија на карикатури која е една од најпрестижните манифестации од оваа област во светот. Наградата Цицо се добива за целокупниот ангажман и творештво на еден автор- карикатурист. 

„Јас сум посебно благодарен на ова големо признание и за мене претставува еден додатен стимул да продолжам да работам со ова темпо и да изнаоѓам нови полиња како инспирација“ – кжа авторот Манечвски при добивањето на наградата. Во таа чест беше отворена и самостојна изложба на карикатири на МИЛМАН, уметничкото име на авторот, при неговото творештво. 

„Јавната комуникација е полна со навреди, омраза, а тоа е одраз на страв, несигурност и неподнослива леснотија на неодговорност за пуштената мисла во етер. Карикатурата е уметност на пренесување на пораки. Оттука артикулацијата на критичката мисла кај Манчевски сублимирана во визуелна порака е вистинската вредност на карикатурата која треба да се препознае и негува, да се надградува и усовршува. Во јавната комуникација денес како да недостасува артикулација, затоа – крајно време е да ја вратиме карикатурата на вистинското место, а Миле Манчевски неуморно работи на тоа“- рече Корнелија Конеска извршна директорка на ОСТЕН Скопје, при отворањето на изложбата и на доделувањето на наградата „Цицо“. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати