Наградата за животно дело „Андреја Дамјанов“ за архитект Радован Раѓеновиќ

Петар Печков

Асоцијацијата на архитекти на Македонија на архитектот Радован Раѓеновиќ му ја врачи наградата „Андреја Дамјанов“ за животно дело и достигнувања во архитектурата  за 2016 година. 

Архитектот Мартин Гулевски, претседател на Комисијата за доделување на наградата, потсети дека трудот  на Ранѓеловиќ е вграден во проектантските бироа „Алумина“ – Скопје, „Мавровопроект“- Скопје, „Технометал“ – Москва, „Будимекс“ – Л’вов, „Студио Р“ – Скопје. 

Проектите и реализациите во областа на станбената архитектура, туризмот и угостителството, спортот, администрацијата, индустријата и културата, коишто Раѓеновиќ ги работел  во разни проектантските бироа претставуваат сериозен влог во архитектонската практика .  Тој со своите реализации придонесуваа за развојот на архитектонската струка во  Македонија и за нејзина афирмација и угледно позиционирање надвор од нејзините граници, во Советскиот Сојуз, Југославија, Либија.

За комплексот „Запољарје“ во Сочи, Русија, архитектот Радован Раѓеновиќ е носител на признанието од Сојузот на друштвата на архитекти на Македонија за афирмација на македонската архитектура во странство во 1981/1982 година и диплома за труд од областа на урбанизмот, проектирањето, ентериерот и дизајнот во 1985 година.

За меморијалниот комплекс „Споменикот на слободата“ во Кочани, како коавтор, со уметникот Глигор Чемерски,  архитект Радован Раѓеновиќ е носител на повелбата Почесен граѓанин на Кочани. Меѓу неговите дела е и Хотел Евротел во Стругам хотел ,,Електро Скоппје,, во Маврово, Олимписки базен Скопје.

Создавал во Македонија, Црна Гора, Србија, Украина, Чешка, Ирак, Грција, Либија, Азербејџан, Казахстан, Русија.  

Настанот се случи во црквата Св. Богородица во Скопје, а до пред 10 години тоа беше во црквата која токму Дамјанов ја изградил, неговото капитално дело Св. Пантелејмон во Велес.  Но од тогаш локалните власти не сторија  обиди да  го вратат доделувањето на наградата во Велес.  

Радован Раѓеновиќ е роден 1940 година во Скопје. Дипломирал на Архитектонскиот факултет во Скопје во 1964 година, а постдипломски студии завршил на интернационалната школа „Бауцентрум“ во Ротердам, Холандија, во 1972 година.

Престижната награда за животно дело “Андреја Дамјанов” се доделува веќе 27 години, а ја имаат добиено 27 архитекти кои се членови на архитектонската Академија при Асоцијацијата на архитекти, а чии што  објекти се распространети низ цела Македонија и во странство. 

Оваа награда се доделува годишно на видни архитекти кои со своето дело, опус и авторитет постигнале врвни резултати во полето на архитектонското проектирање, градителство и урбанизам и со тоа придонеле за афирмацијата на архитектурата како во Република Македонија така и во меѓународни рамки. Наградата е воспоставена во 1989 година, тогаш наградата ја добил архитектот Крум Томовски.

 фотографии  на добитникот од Порта3

loading...

Поврзани »

loading...
Дежурство на аптеките (АВГУСТ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Каква е културната понуда и забавата летово во Велес?

  • одлична, има се
  • никаква, нула
  • има по нешто, за сечиј вкус
  • од што има, одам во други градови
Резултати