Наградени ОУ Васил Главинов и ОУ Рајко Жинзифов за најбезбедни и најчисти училишта

Петар Печков

На годинашниот натпревар за најбезбедни и нај чисти училишта, две награди добија училишта од општината. ОУ Васил Главинов е второ рангиран а ОУ Рајко Жинзифов е  трет, за основни  училишта. Тие се пријавиле на конкурсот и во конкуренција   на 10 основни и пет средни добија признанија., кои се однесуваат за  учебната 2015/16 година. 

Годинава на натпреварот конкурираа 15 училишта, 10 основни и пет средни. Комисијата која ги разгледуваше апликациите и која ги посети училиштата едногласно одлучи дека најчисти и најбезбедни училишта се „Тошо Велков- Пепето“ од Кавадарци на првото место, второ е „Васил Главинов“ од Велес, а на трето место „Рајко Жинзифов“ од село Долно Оризари, Велес -  изјави министерот за образование  Лутфиу. 

Министерството за образование и наука веќе трета година по ред го реализира натпреварот „Најчисто и најбезбедно училиште“. Овој проект се реализира во соработка со  ОБСЕ, кој додели  награди за второ и трето рангираното училиште.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати