Наградени за соборање на отпад за рециклирање

Петар Печков

 И годинава се наградија најуспешните општински институции, чии ученици и деца  совесно преку целата година го собираа отпадот кој се рециклира.  

Новина е што овој пат  се вреднуваше и собирањето на електричен и електронски отпад, за да се намали негативното влијание  врз човековата и животна средина. Учествуваа четири училишта и детските градинки.

Врз основа на собраниот отпаден материјал комисија при Општина Велес, ги  прогласи за најуспешни    ОУ Св. Кирил и Методиј  и  Детската градинка Димче Мирчев.

Најуспешно во собирање отпад за рециклирање, стара хартија и пластична шишиња беше ОУ  Св. Кирил и Методиј , чии ученици собранале  1.697 кг хартија и 680 пластика.

Децата од  Детската градинка ,,Димче Мирчев,, собраа најмногу отпад од електрични и електронски апарати  2,5 м3   и 7,6 кг  батерии.

Во оваа  годишна акција собрани  биле вкупно 5.317 кг стари хартија,  1.1  илјади кг. пластични шишиња, 7,7 м3  отпад од електрична и електронска опрема и  11,6 кг батерии.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати