Намален бројот на кражби во велешко лани

Петар Печков

Крадците во Велес минатата година работеле помалку, или пак биле во апс, па намален е бројот на кражби   во 2018-та, споредено со 2017 година.

Според бројките од СВР Велес лани во велешко имало 141 кражба што е за 20 отсто помалку отколку година дена претходно, тогаш имало 175. Слична е  состојбата и во двете општини кои СВР Велес ги покрива.   Во кавадаречко минатата година имало 130 кражби или за 9 отсто помалку споредено со 2017-та кога имало 143 кражби. Во неготинско во 2018-та имало 36 кражби а во 2017-та 38.  Севкупно  на подрачјето на СВР Велес, лани бил  регистрирани вкупно 307 кражби, 49 помалку од 2017 година. 

Како лозарски крај интересно е што на подрачјето на СВР Велес лани биле регистрирани   16 кражби на ракија. Шест кражби имало  во Велес, осум во Кавадарци и две во Неготино.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати