Наместо во Велес Евро лигата во Скопје

Петар Печков

Овој викенд, салата,, Гемиџии,, и Велес требаше да  бидат домаќини на првиот круг од квалификациите на Евро лигата.

Ова на прес конференција го соопшти генералниот секретар на Одбојкарска Федерација на Македонија Зоран Карановиќ, одржана во Велес, пред два месеци  во средината на април.  

На овој турнир освен селекција на Македонија како домаќин, настапуваат  и  Шведска, Албанија и Азербејџан.   Но дојде до промена на местото на играње на македонската машка  одбојкарска селекција, наместо во салата Гемиџии во Велес, ќе се игра во салaта ,,Борис Трајковски во   Скопје.  

Организаторот објасни дека причината е  кровот на салата во Велес кој треба да се реконструира,   поради што местото на играње се префрла  во Скопје.  Така велешани на место во живо на теренот во салата, репрезентациите  ќе  можат да ги следат на малите екрани на  МТВ.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати