Населбата Извор доби Дневен центар за стари лица

Петар Печков

Од денес започна со работа Дневен центар за стари лица во населбата Извор, Општина Чашка. Во неа на 50 метри квадратни можат да се дружат и го минат слободното време стотина возрасни лица од ова населба.  

Социјалната реформа која ја спроведуваме не се однесува само на зголемување на паричните средства  на граѓаните кои се во социјален ризик и сиромаштија, туку и воспоставување на системи за социјални услуги  кои треба да ги има во секое населено место. Вакви услови не се само за социјализација, туку и за унапредување на условите на живот на старите лица - рече министерката за труд и социјала  Мила Царовска. 

За изградба и опремување на центарот инвестирани се околу еден милион денари.  Од следната година,  во овој Центар ќе започне и дистрибуција на храна за старите лица и социјалните случаи од Извор и околните села. 

Освен во Извор, вакви Дневни центри во Општина Чашка има и во Богомила и  Чашка.  До година планираме во Горно или Долно Јаболчиште.  Да потсетам претходно отворивме дневен центар за млади и деца со што на жителите од ова населено место им нудиме можност каде да го минат слободеното време - кажа градоначалникот Горан Стојановски.   

loading...

Поврзани »

loading...

Ронтис вработува оператори во производство

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

30 (триесет) Оператори во производство



АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

2018-та е зад нас. Како ќе ја помните?

  • како и секоја друга
  • имаше и убави и лоши моменти
  • ми донесе многу радости и убави мигови
  • што поскоро да ја заборавам
  • постар сум за една година
Резултати