Нацртан мурал со ликот на Рацин (фото)

Петар Печков

Мурал со ликот на Коста Солев Рацин,  е нацртан на ѕид од ракометното игралиште, во Градскито парк. Тоа е дело  членовите на Медиа/Арт клубот Велес.  Во позадина на ѕидот се испишани наслови на песните од стихозбирката „Бели мугри“.

Намерата на младите креативци беше да се разубави неискористениот јавен простор, да се поврзе младата популација со уличната уметност како алатка за креативно изразување, како и да се покрене свест за поголема грижа од страна на младите и останатите граѓани на Велес за јавните површини преку младинската креативност - порачуваат од  Медиа/Арт клубот Велес.

Досега во Велес има три мурали со ликот на Рацин, на јавни површини  ова е четврти. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати