На ,,Европскиот квиз на пари,, одржан во Брисел сребро за гимназијалците Викторија Панова и Марко Инѓилизов

Петар Печков

Велешките гимназијалци  Марко Инѓилизов и Викторија Панова  го освоија второто место на ,,Европскиот квиз за пари,,, одржан во Брисел. Квизот е во организација на Европската Банкарска  федерација и Националните банкарски федерации.

Во финалето учествувале 28 земји со 56 натпреварувачи од Европа.  Двајцата петнаесет годишници од Веелс, од Гимназијата ,,Кочо Рацин,,  се пресреќни што се вратија со сребрен медал во исклучителна конкуренција, меѓу сто илјади  учесници од Европа и три  илјади од земјава.

Најважно за мене  беше искуството што го добивме, како таму  системот функционира. Учеството ни отвора многу врати за во иднина и дека може да бидам успешна во оваа насока  - економија, ако се одлучам да ја изберам - вели Викторија Панова. 

Објаснува дека на поставените прашања, кои се од областа на економија, се одговарало компјутерски. Освен знаењето  се ценело и времето за кое е даден точниот одговор. Врз основа на тоа се добивале поените.  Тие како ученици прв пат се сретнале со оваа област, со парите, со економијата и ова за нив било новина, но и младешка желба за докажување, за учење, за  нови сознанија. 

За квизот, за училишните квалификации се подготвувавме со материјали добиени од Банкарската асоцијација на Македонија.   За европскиот натпревар, од Брисел добивме 600 прашања и одговори но имавме предизвик да се справиме со англиската  економска терминологија.  Тие прашање не го добивме на квизот во Брисел, туку  некои сосема други, а овие добиените   беа  насока за да сигнеме до одговорот  Го споредивме нашиот образовен систем со другите земји, до каде сме, колку знаеме.   Учеството во квизот значи насочување кон мојата идна професија, дека се гледам во доменот на општествените науки -  објаснува Марко Инѓилизов. За него учеството  и освоената награда, се голема мотивација и чест.  

За квизот, кој се однесува за ученици на возраст од 13 до 15 години  ги  информирал класниот раководител  Марјан Стојановски.  

 Колешката Мариче Лазаровска случајно на електронската пошта добила информација за овој квиз, на национално ниво.   Потоа ние како класни разговаравме со учениците, дали се заинтересирани, дали сакаат да учествуваат. Два класа од нашата Гимназија се пријавија, имаше голема мотивација, каде победија Вики и Марко и така почна. Продолжи со победа на државниот натпревар а заврши со сребрен медал во Брисел.  Пред нас за малку пеони беа Словенците а трети беа Германците. Оваа награда е  од огромно значење пред се за училиштето, за кое се дозна и во Европа, за Гимназија која има стаж подолг од век и половина   и за нашиот град Велес -  кажа менторот Стојановски. 

За освоеното второ место, Марко Инѓилизов и Викторија Панова освоија награда од две илјада евра, која е наменета за училиштето за проекти  за финансиска писменост на учениците.   

Основна цел  на  ,,Европскиот квиз на парите,, е финансиска едукација на младите од 13 до 15 години. Иницијатор на ова натпреварување во земјава е Македонската банкарска асоцијација којашто го организира квизот во соработка со Народната банка, Министерството за образование и наука и Комисијата за хартии од вредност.

loading...

Поврзани »

loading...


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали честите акциски контроли на сообраќајната полиција, изминатите два месеци, воведоа ред во однесувањето на возачите и пешаците?

  • да
  • не
Резултати