На Кула во три напуштени возила пронајдени 25 мигранти

Петар Печков

МВР информираше за настан кој се случил четвртокот наутро,  близу пунктот на Македонија пат, кај Кула.

На  4-ти јуни во 4 часот на автопатот Велес- Скопје, после пунктот „Македонија пат“ после Велес, полициски службеници пронашле 25 илегални мигранти и три патнички возила – „ауди“, „фоклсваген“ и „мерцедес“ кое било превртено, сите со скопски регистарски ознаки. Претходно, возилата биле забележени кај Демир Капија и не застанале на даден знак за запирање продолжиле со движење кон Скопје. Во разговор со полициските службеници мигрантите појасниле дека биле симнати од трите возила - информираа од МВР

Увид на местото извршила екипа од СВР Велес и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачите и   расчистување на случајот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати