На автопат близу Велес уапсен неготинец, кој украл возило во Скопје

Петар Печков

На автопат делница Скопје - Велес, уапсен неготинец, , кој се сомничи дека украл автомобил. Велешката полиција со детали за настанот.

„На 10 август  во 12.30 часот на автопатот А1 полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Ѓ.М.(68) од Неготино, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „одземање на моторно возило.“ Тој се сомничи дека неколку часа претходно во Скопје одзел патничко возило „шевролет авео“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.А. од Скопје“ - соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

Од велешката полиција додаваат дека по целосно документирање на случајот против Ѓ.М. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати