На велешани им требаат желенички стојалишта

Петар Печков

Велешани бараат на неколку локации во градот, ЈП Македонски Железници да постави постојки за патниците. Со ова тие сметаат дека ќе се зголеми бројот на патниците а нив ќе им се намали времето за да стигнат до Железничката станица. Секојдневно бројни  патници од Велес патуваат со воз, што ова нивно барање го прави оправдано.

Низ градот има три пруги во три правци, кон Гевгелија, Кочани и Битола и убаво би било на еден дел од нив да се постават стојалишта. Така ќе ни биде поблиска услугата на железницата а таа ќе има поголем број патници. Вака сме приморани да патуваме и по неколку километри додека стигнеме до станица, што ја зголемува цената, бидејќи користиме такси или градски – велат велешани.

Тие посочија на случајот со село Зелениково, каде на мало растојание до станицата Јане Сандански има две стојалишта, кои се отворени по барање на патниците. Од ЈП Македонски Железници – Транспорт, го знаат проблемот и веќе ги извршиле потребните испитувања.

Во право се потенцијалните наши патници кои сакаат да бидеме поблиску со нашите услуги, преку отворање на стојалишта во Велес. Но технички не е можно, бидејќи градот има лоша конфигурација на теренот. Сепак железницата не е градски превоз  – велат од ЈП МЖ Транспорт.

Тие посочуваат дека во правецот кон Кочани пречка е Железниот мост и угорнината, во правец на Битола проблем е тунелот кој не дозволува да се отвори стојалиште, додека кон Гевгелија во реонот на Долни Дуќани проблемот се бројните рампи на железничките премини и можноста тие подолго време да бидат спуштени доколку таму се постави  стојалиште.

На овие констатации на МЖ, велешани имаат одговор.
Додека немаше железничар на рампата кон Штип, возот застануваше за потребите на патниците од Речани и овој ден на Велес.  Веднаш по тунелот, во превалец се постави постојка. На стојалиштето Орешани, близу Јане веднаш е железнички патен премин со рампа која се спушта електронски. Таа е веднаш до стојалиштето. Така што овие оправдувања од железничарите паѓаат  во вода, како да немаат желба а не дека има технички проблеми – велат  патниците велешани.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати