На местото од стариот театар треба да се изгради паркинг и просторот хортикултурно да се уреди

Петар Печков

На местото од поранешниот театар, кој е срушен,  се предвидува паркинг простор. Ова се најавите од градоначалникот Марко Колев, како решение за проблемот со недоволен паркинг простор.

„Со генералниот план таму има зграда, јас неа не можам да ја  избришам, но имаме пресуда на Уставен суд. Ценејќи ги сите работи мислам дека најдобро решение,  почитувајќи ги барањата на граѓаните од тој дел, е таму да се изгради паркинг и локацијата хортикултуно да се уреди. Тоа би било времено решение“ – кажа Колев.

Најави како дополнителен простор за паркирање  ќе се  уреди и  користи и делот од кејот, во задниот дел, каде и сега се паркираат автомобили. Секако и изградба на подземната гаража.

Таква идентична судбина има и просторот од поранешен АТД Диспанзер кој исто се сруши а на негово место е предвидена зграда. Но како времено решение се изгради паркинг.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2024?

  • имаше и убави и лоши работи
  • што поскоро да ја заборавам
  • ми донесе многу радости и убави мигови
  • постар/а сум за една година
  • како и секоја друга
  • ги помнам само убавите моменти
Резултати