На први октомври започна учебната година, децата на училиште со заштитни маски, три илјади ученици помалку од лани

Петар Печков

Новата учебна 2020/2021 година започна за  3.876 ученици, во општинските основни и средни училишта за некои во училница, за  други онлајн, од дома преку таблет, лаптоп компјутер или мобилен.  Учениците кои тргнаа на училиште беа со заштитни маски, мерење на температура.

Согласно новиот момент на живеењето со пандемијата на ковид-19, учителките и професорите требаше да ги видат во живо учениците до трето одделение од основните  и учениците од прва година средно.  

Без вообичаениот детски жагор, еден месец подоцна од вообичаениот почеток на новата учебна година, не е исто ништо како лани и годините претходно.  Засега нема информации дека во велешко имало проблеми со одвивање на наставата.

Од локалната власт ја соопштија бројката на првачиња, кои денес требаше да седнат за прв пат во клупите -  485 првачиња и на ученици во прва година средно - 514.

Со физичко присуство  наставата започна од прво до трето во сите основни училишта, до четврто во ОУ Блаже Конески,  за учениците од шесто одделение од ОУ Рајко Жинзифов од Горно Оризари,  за сите учениците од прво до деветто одделение во ОУ „Стојан Бурчевски Буридан” од Иванковци. Настава со физичко присуство имаат и учениците од прво до петто одделение во сите подрачни училишта. Учениците од прва година средно, во првата седмица ќе имаат физичка настава, за да се запознаат со професорите.

Според бројките на локалната власт, основно образование во шесте училишта во општината посетуваат  1.755 ученици а средно 2.121, или вкупно 3.876. Тоа е за три илјади помалку отколку лани, разликата е во основното образование. Лани локалната власт објави дека  имало 6.985, во основното образование имало  4.908 и 2.077 средношколци. Во  учебната 2018/19 година, во средните и основни училишта во велешко  тргнаа 6.673 ученика основци и среднисти.

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

  • да
  • не
Резултати