На 11-тата групна крштевка на Бабуна, крстени 11 лица (фото)

Петар Печков

И оваа година Повардарската епархија при МПЦ ОА  организираше  групно крштевање во водите на реката Бабуна.

На крштавката, која се одржа во саботата  и беше единаесетта по ред, бројот на оние кои пристапија кон Светата православна црква примајќи ја Светата Тајна – Крштение, изнесуваше 11.

Чинот на осветување на водите на реката Бабуна и Светата тајна - Крштение го извршија свештеник Драги Гаштарски, свештеник Александар Стеваноски и ѓакон Никола Ѓорѓиевски. Со овој чин единесетте   лица станаа членови на Светата Православна Црква.

фото Повардарска Епархија на МПЦ - ОА 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати