Небиовски државен првак во кајак слалом К-1, Игнатов во Ц-1

Петар Печков

Велешанецот  Енис Небиовски е нов државен првак во дисциплината  К-1  кајак слалом, по извозената трка од државното првенство кое во неделата се одржа во Велес, на патеката по Варда, во центарот на градот. Тој е член  на  ККК Вардар, втор беше Борче Мирчевски  а трет   Христијан Игнатов  и двајцата од ККК Бабуна .  Во Ц-1 државен првак е Христијан  Игнатов од  ККК Бабуна. Во 3хК-1 победи екипата на ККК Бабуна, пред ККК Вардар и ККК Гемиџии.   По неделните возење најмногу успех имаше ККК Бабуна, пред ККК  Вардар и ККК Гемиџии, додека за цела сезона,севкупен победник, заедно со резултатите  на сениори, јуниори  и пионери е ККК Вардар.   

Футсал екипата на Велес забележа нова победа во 6-тото коло од Првата лига. Тие во Штип го победија домаќинот Астибо со  8:4.   Со еден натпревар помалку се втори, со максимален учинок пет победи а на врвот е Шкупи кој има чест натпревари и исто толку победи. В сабота е дербито на есента, во салата Гемиџии играат Велес и Шкупи.

Женската екипа на Борец во саботата на Градски ја декласира последно пласираната  екипана Њу Јорк со 14:0.  Натпреварот требаше да се игра во Скопје, но гостинките побарале да се игра во Велес.  Во следното коло е дербито на есента во женската Прва лига, но и можност да се видат квалитетите на велешанки. На Градски доаѓа лидерот Драгон од Битола кој има пет победи од пет натпревари. 

Фудбалерите на Борец  никако да ги покажат најавените аспирации за врвот на табелата. Во саботата дома, на Градски одиграа нерешено со претпоследната екипа на Победа од Валандово 2:2. Со овој резултат заврши и првото полувреме.  Поведоа гостите преку Зејринов, Борец го сврте резултатот во своја полза со погодоците на Марко Ѓорѓиевски во 8. и во 15. минута, а бод за Победа Валандово донесе Жоглев во 27. минута. По ова 10-то коло, со кое започна вториот круг од  натпреварите ФК Борец 1919 е четврти со 17 бода.  Следното коло ја  пречекува екипата на  Саса од Македонска Каменица, која е  седма со 11 бода.

loading...

Поврзани »

loading...
Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017

Дежурство на аптеките (НОЕМВРИ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com