Небиовски и Мирчевски возеа во квалификациите на ЕП кајак слалом во Прага

Петар Печков

Изминатиот викенд се одржа Европското првенство во кајак  слалом на диви води а се возеше на патеката Троја крај Прага во Чешка. На него учествуваа и двајца македонски репрезентативци, велешаните   Енис Небиовски и Борче Мирчевски кои возеа во К-1 а тренер беше Роберт Папзовски. Тие натпреварите ги завршија првиот ден по квалификациите. Небиовски  беше  46-ти од 65 учесника  во првата трка а  25-ти а во втората трка каде возеа 44 учесника без 20-те најдобри.   Борче Мирчевски во првата трка беше   55-ти   од 65 учесници  а во втората  27-ми од  44 учесници.   Европски првак  стана Петер Краузер од Словенија.  

Љубиша Спасиќ  пак учествуваше на Светското првенство  во спуст на диви води на патеката  Мутатал  во Швајцарија. Во овој неолимписки спорт велешаенцот кој ги бранеше боите на репрезентацијата на Македонија ги забележа следните резултати: во  класик трка  4,5 км  беше 48 од 57 спусташи а  победи словенецот  Жнидариќ Нејц. Спасиќ возеше и  спринт К-1  во должина  500 м   35-ти од 57 а во втората трка беше   38-ми  од 51, каде  победи французот  Жан Пол.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати