Невремето во Велес носеше кровови, корнеше дрвја, поплави улици и домови (фото и видео)

Петар Печков

Невремето кое претпладнево го зафати Велес, остави силни траги по градот и секојдневното живеење. Поплавени улици и домови, откорнати дрвја и кровови, отштетни автомобили,  парализиран сообраќај во централното градско подрачје. Обилниот дожд, проследен со силен ветер и град беше регистриран во периодот од 10 до 10,30 часот.  

„Има откорнати дрвја на повеќе локации во градот, и еден поплавен дом. Тоа е засега што добивме како реакција од граѓаните“ - соопштија од Центарот за управување со кризи.

Екипите на ЈКП Дервен се веќе на терен  и го расчистуваат штетите а интервенира и велешката противпожарна единица.   Од велешката ТППЕ кажаа дека засега имаа четири интервенции  на различни локации од градот, поради испумпување на вода од домовите или отстранување на паднати дрвја.   Во службата за Итна помош немало побарано интервенции  од граѓани поради повреди од невремето, но тоа им ја отежнува работата.

„Одредени делови на градот не се достапни, поради паднати дрвја и нашите екипи не можат да стигнат до лицата на кои им е потребна здравствена помош. Им кажуваме со каква ситуација се судруваме и наидуваме на разбирање“ - вели д-р- Лидија Проданова, која  денес е дежурна во Брзата помош.

Меѓу бројните оштетувања е и паднатиот кров од покривот на поранешен Монопол, кој паднал на дел од пругата на Железничка станица Велес, но среќна околност е што никој не е повреден а железничкиот сообраќај се одвива непречено. Има паднато повеќе дрвја во дворот на училиштето „Коле Неделковски“

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати