Негувателките и воспитачите од градинките, од септември со повисоки плати

Петар Печков

Од следниот месец, септември  вработените во Детските градинки во земјава ќе имаат повисоки плати. Ова се однесува на негувателки и воспитачите, тие кои се директно вклучени во грижата на децата. Зголемувањето  го најави министерот за финансии  Драган Тевдовски при денешната посета на Велес.  

Децата се иднината на земјата и затоа ние како Влада вложуваме во нив  и за кадарот  кој се грижи за децата. Од септемвриската плата, која ќе биде исплатена во октомври, платите на  кадарот кој непосредно се грижи за децата ќе бидат зголемени  за 5 %. Оваа новина не е од денес, тоа е внесено во Буџетот за 2018-та и најавено уште минатата година - рече министерот Тевдовски.

Тој изрази благодарност до стратешките партнери Европската Унија, УНДП, Светска Банка со чија финансиска помош се одвива проширувањето на мрежата на опфат на деца во градинките во земјава. Ниту тој ниту министерката за труд и социјала Мила Царовска не можеа да кажат колкава е бројката на вработени кои ќе добијат повисока плата. 

loading...

Поврзани »

loading...

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ВАР технологијата воведена на ова СП во фудбал, придонесе тоа да биде поправедно?

  • да
  • не
  • не го следев СП
Резултати