Неуспешно коло за велешките екипи во Трета лига Центар

Петар Печков

 Два порази и едно реми, тоа се постигнатите резултати на трите велешки екипи во Третата лига Центар. ФК Превалец загуби во дербито во Крушево од трето пласираниот   ФК Питу Гули со високи 4:0 (1:0). ФК Бабуна како второпласирана дома на Градски одигра нерешено 2:2 (1:0) со екипата на ФК Ново Црнилиште, која   беше шесто пласирана.    Финишот на натпреварот беше возбудлив оти во 80-та мартолчани поведоа  а три минути подоцна гостите израмнија. ФК Тополка на гостувањето во    прилепско Тополчани загуби со 6:2 ( 3:1) од истоимената екипа, која  беше седмо пласирана.  Тополка поведе уште во 5-та минута, во 20-та израмни на 2:2  но подоцна прими четири гола.  По ова  седмо коло ФК Превалец и натаму е лидер со 18 бода пред ФК Питу Гули со два помалку.  ФК Бабуна е тета со 14 бода а ФК Тополка е 13-та претпоследна со 4 бодови.  Во следното коло ФК Тополка дома игра со четврто пласираната екипа на ФК Големо Коњари која има 13 бода,  ФК Превалец ига со последниот ФК напредок од прилепско Крушеане кој има три бодови а ФК  Бабуна гостува на ФК Тополчани во истоименото прилепско село а домаќинот е 7-ми со 10 бода.  

 Во вторникот се одигра вонредното 8-мо коло до Тета лига Исток, каде ФК Работник од Лозово на гостувањето во Штип одигра нерешено 1:1 со ФК Брегалница сениори.   Двата гола паднаа во првите 6 минути, гостите поведоа домаќините израмнија.  Во следното коло ФК Работник кој е четврти до 13 бода, игра дома со ФК Слога 1934 од Виница, која е последна со еден бод. 

 Се одржа и Меморијалниот кошаркарски турнир посветен на познатите велешки имиња Виларов и Ацков. Учествуваа четири екипи на ветерани Борец -Велес, Тиквеш - Кавадарци, Пелистер -Битола и Куманово. Победник немаше се играше во чест на двајцата познати кошаркари кои прерано починаа.

 Се одигра и четвртото коло од  Општинската фудбалска лига, постигнати се следните резултати.

Горски - Локомотива                         2:2

ФК Форца нова - ФК Слога                 2:0

ФК Младост - ФК Интернационал   4:2

 ФК Илинден БС - ФК Мартолци07  2:3

слободна беше екипата на ФК Башкими 

                                           Т   А   Б   Е   Л   А

1. Мартолци 07           4    3   0   1      12:6     9

2. Младост                   3    2   1   0       7:3     7

3, Форца нова             3    2   1   0       6:3     7

4. Горски                     4     2   1   1       9:8    7

5. Башкими                 3     2   0   1       5:2    6

6. Илинден БС            4    2   0   2       13:8    6

7. Локомотива            3    1   1   1        4:6     4

8. Интернационал      4    0   0   4       6:13   0

9. Согле                      4    0  0   4        3:16   0

loading...

Поврзани »

loading...

Акција за собирање на електронски и електричен отпад

По четврти пат Општина Велес, ЈКП Дервен и „Нула отпад“ - Скопје организираат Акција за собирање отпад од електрична и електронска опрема За таа цел, компанијата „Нула отпад“ од Скопје отпечати информативен леток кој е дистрибуиран од страна на ЈКП Дервен, со сметките за комунални услуги. Детали

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com