Не за селфи на вагон, за живот се работи

Петар Печков

Преку кампањата „Не прави селфи на воз-Вреди да живееш“ македонски железници ги едуцираа  и учениците во основните училишта во Велес,  за ризиците кои ги носи фотографирањето на вагоните на  МЖ Транспорт. Денес првите луѓе на железница беа во Велес и посетија  неколку училишта. На учениците им делеа флаери, прикажаа видео со штетните последици од самослик на вагон.   

Сакаме да делуваме и да ги образуваме младите луѓе да го употребуваат возот како средство, а не да се качуваат на кровот и да се фотографираат. Имаме многу убави места за фотографирања во возот внатре и во Македонија, каде може да отидете со воз, да излезете и да се фотографирате. Целта ни е возот да се користи како превозно средство а не за фотографирање од кровот  – изјави Игор Коруноски, директор на МЖ Транспорт. 

Оваа кампања доаѓа после неодамнешниот случај во кој електричен шок уби 15-годишно момче од Скопје. Тоа е втора жртва, пред година и половина на 17 декември 2015-та на железничката во Велес, од струен удар тешко се повреди со изгореници од висок степен и неколку дена подоцна почина.

Младите сакаат да се докажуваат, со правење што поопасна фотографија. Велес е железнички јазол, има многу   пруги и опасност. Децата не знаат дека на кровот од вагонот минува    струја  од висок напон од 25 киловолти или 25 илјади волти. Тоа е напон за 5 илјади пати поголем од таа со која се полни мобилен телефон. Затоа е оваа кампања ,,Не за селфи на вагон, вреди да живееше,, и ,, Спречи го твојот другар да се докажува,, - рече Коруновски.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати