Низ Градски парк се трчаше полумаратон (фото)

Петар Печков

250 ученици денес трчаа низ Градскиот парк. Некои полумаратон а пак  други -  рекреативците 5 км.  Ова трка беше во чест на Денот на Општината  9-ти  ноември и дел од активностите со кој се одлежува овој ден.  

Победник беше Кокан Ајановски од Скопје кој 21 км. ги истрча за 1:13:52  пред Ненад Живковиќ од Србија со 1:14:18 и Марко Ивановски  со  1:17.03. Кај жените победи Тања Велјановска Савевска на која 1:37.41  и требаа за да го истрча полумаратонот, па Катерина Павловиќ –Србија 1:38:23, Катерина Шиповиќ 1:38: 57.

Учествуваа тркачи не само од Македонија, туку и од Србија, САД, Јамајка, Грција, Велика Британија.  Во трката за рекреативните кои трчаа на 5 км. победи кај жените:  Марго Бојаџиев 19:22, Ивана Кипријановска  22:39, Александра Ѓоргиевска 22: 18 и мај мажите:  Емилијан Миленковиќ Србија, Димитар Петровски.  

Признанија добија и највозрасниот и најмладиот учесник. Најмлад беше 3,5 годишната Викторија Толевска додека највозрасен беше  Санде Стојановски (71 год) од  Лозово. Тој трчаше и минатата година на велешкиот полумаратон а учествувал и на други.    

Немав никакви проблеми. Имам природна кондиција малку и тренирам.  Сум трчал во Белград, Подгорица, Сараево. Задоволство ми е да трчам на овие долги аптеки – рече Санде кој бил агроном инженер во ЗИК Овче Поле и Жито Скопје.  

Меѓу 130 учесници на  полумаратонот беше и министерот Драган  Тевдовски  и неговиот советник   Бранимир Јовановиќ. Министерот се покажа како далеку поиздржлив  и подготвен па 21 км ги истрча за  1ч  и 40 мин. и за три круга беше побрз од советникот, иако и двајцата не  беа меѓу подобро пласираните.   Тевдовски кој редовно учествува   полумаратонски трчања  вели дека трчањето го одмара.

Имаше прекрасно време, прекрасна енергија, ми беше задоволство.  Во Македонија фалеа вакви трки, иако последните години ги има се повеќе. Трчањето ми е најдобар вентил од напорна работа,стресови и ми два нова енергија.     Пред работа три пати неделно  трчам а во сабота и недела со група вљубеници во трчањето заедно активно се рекреираме и тренираме. – рече Тевдовски.

Бранимир Јовановиќ советникот на Тевдоски, во Велес трчаше за  прв пат полумаратон и тој заостана три круга зад министерот.  

loading...

Поврзани »

loading...
Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017

Дежурство на аптеките (НОЕМВРИ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com