Никој не сака да биде директор на велешкиот музеј

Петар Печков

Ниту третиот конкурс за директор на Народниот музеј во Велес, не беше со среќен крај.  Од локалната власт информираа дека немаше пријавени кандидати за оваа позиција, исто како и на претходните два конкурса. 

Ниту платата од 27 илјади денари, за три повеќе од просечната во земјава,  не е предизвик да се пријави  лице  ги исполнува условите. Така повеќе од година дена в.д. директор е Анита Василкова Мидоска.  Градоначалникот за ваквата незаинтересираност причината ја гледа во малиот број вработени.

 Во Музејот има само осуммина вработени, што е премалку за обемот на работа на оваа институција. Можеби затоа нема интерес, оти нема доволен број стручни луѓе кои ќе ги спроведуваат програмите. Повеќе од година дена барам дозвола да се вработат лица таму, но не ја добивам - изјави градоначалникот на Велес Аце Коцевски.  

Народниот музеј од Велес раководи со спомен куќите на Рацин, Главинов, Џинот, Касапови, Спомен Костурницата на паднати борци од НОБ и петте спомен куќите од завршетокот на НОБ во Горно Врановци.

Поранешен директор на Музејот, поинаку гледа на работите, зошто нема интерес за директорката позиција во оваа велешка  културна институција. 

Директорувањето носи административни обврски. Не може човек да се посвети на проекти, на истражувања, туку само на хартија  - вели соговорникот кој сакаше да остане  непознат за јавноста.  

Во Општина Велес се подготвуваат да го објават по четврти пат конкурсот за избор на директор на ,,Народен музеј,., Велес, со надеж дека сепак некој стручен, кој ги исполнува условите,  ќе се јави.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати