Ни по десет години не се најде сторителот на сообраќајката кај Сарамзалино, во која загина штипјанец

Петар Печков

Остана неразјаснето кој  смртно го повреди штипјанецот Тодорчо Гоцев (38 год), во сообраќајка кај селото Сарамзалино, пред точно десет години. Телото на Гоцев беше пронајдено утрото во 7  часот, близу селото Сарамзалино, на делницата од магистралниот пат Велес- Штип. 

Обдукцијата покажа дека смртта на Гоцев настанала со удар во тилот зад увото,  од ретровизор на возило, при што дошло до тешки повреди на вратот, на четвртиот вратен пршлен  и настапила смрт.    Сообраќајката се случила околу од  полноќ до 4 часот  на 5-ти февруари 2011-та година.  Според сведоците, Гоцев со двајца другари, бил на 4-ти февруари вечерта во кафеана па во кафич во Лозово.

Поради тоа што бил во алкохолизирана состојба другарите го убедиле да заминат  што се случило околу 23ч.  На пат кон Штип, Гоцев излегол од возилото, двајцата другари се обидувале да го најдат  во ноќта, која била без месечина, многу ладна и со доста фреквентен сообраќај по патот, но безуспешно. Гоцев не се јавувал на мобилен, но околу 00,23ч. им се јавил и кажал дека оди за Свети Николе а тие да продолжат за Штип.

Двајцата не се посомневале во кажаното, оти Тодорчо имал девојка во Свети Николе па продолжиле за Штип.  Утрото на 5-ти февруари во 6,55 ч. Тодорчо бил пронајден мртов покрај патот, на 1,5 км далечина од местото каде ги напушил другарите од автомобилот.

При увидот од страна на полицијата од Свети Николе пронајдени биле ситни парчиња стакло, траги од кочење од непознато возило, парчиња пластика и мобилен телефон за кој подоцна се констатирало дека е на Гоцев. 

На 5-ти февруари, инспектор за патен сообраќај сопира товарно моторно возило марка „мерцедес“, кај кое е констатирано оштетување на ретровизор и на преден десен раб, кои одговарале на висина на човек.  При обдукцијата било констатирано дека кај покојниот Гоцев имало присуство на алкохол во крвта  од 1,93   промили и 3,05  промили во урината. 

Обдукцијата покажала дека смртта настанала во периодот помеѓу полноќ и 4 часот. Како можен сторител на сообраќајка беше обвинет скопјанец, кој критична вечер разнесувал леб од Скопје кон Источна Македонија. Според вештите лица, тој околу 3 часот по полноќ минал со возилото, покрај местото каде е пронајден Гоцев. 

Вештите лица, дури го анализирале движењето на камионот марка „мерцедес“ во времето кога требало да биде на местото на сообраќајката. Тахографот покажувал дека возачот возел со брзина од  65 км/ч, па 60 км/ч до 70 км/ч. за да по изминати пет минути, брзината се намали на 0 км, но без евидентирано нагло сопирање, кочење.

Тие дури извршиле пробно возење на релација Скопје- Штип а согласно брзините кои ги покажувал тахографот од камионот марка „мерцедес“ за да констатираат дека возачот сопрел неколку километри подалеку од местото на несреќата, но при тоа без нагло сопирање.   Потоа било констатирано дека оштетувањата на ретровизорот и на камионот на предницата биле постар датум, но и тоа дека висината на повредите на главата на Гоцев не одговара со визината на ретровизорот од тмв „мерцедес“.

Пронајдените остатоци на местото на сообраќајка укажале дека скршеното стакло е од ветробран а тоа на камионот од осомничениот било неоштетено.   Поради овие докази обвинетиот бил ослободен од судот во Свети Николе, што е потврдено и од Апелација во Штип, иако претходно обвинетиот бил и осуден.

По ваквата правосилна ослободителна пресуда, останува мистеријата кој го усмрти штипјанецот  Тодорчо Гоцев, близу Сарамзалино пред десет години? Кој го удри со возилото поранешниот вработен како обезбедување на американската амбасада во Авганистан, во градот Кандахар и замина во ладната февруарска ноќ без ронка совест, нанесувајќи му смртни повреди и десет години ја носи тајната со себе?

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

  • да
  • не
Резултати