Ни реката Бабуна во долниот тек не е повеќе за капење

Петар Печков

Реката Бабуна не е повеќе за капење. Ова се однесува на делот од реката кои најчесто велешани го користат за рекреација и одмор.  Информацијата е од ЈЗУ Центар за јавно здравје, каде се испитува водата наменета за рекреација од  велешкиот регион. 

Водата на реката Бабуна, според земени мостри од прва плажа е бактериолошки загадена и е од трета категорија. Затоа не се препорачува за капење. причина за тоа е блиската населба, големиот број куќи, од каде преку  септичките јами, свињарските фарми се загадува водата - изјави  прим. д-р Снежана Петрова, спец. по хигиена. 

Според анализите што тие ги работат за капење и рекреација исправна е водата на езерото Младост и сите три базени од хотелите Романтик, Монтенегро и Гарденија.  Водата на реката Вардар од влезот во Велес, кај  мостот на Башино село се до излезот од Велес кај Долни дуќани, каде се мери квалитетот е во 4-та категорија и е забранета за капење, но и за наводнување и полевање. Одговарајќи на прашањето за реката Тополка, докторката кажа дека и таа е загадена.

Квалитетот на водата на  реката Тополка не го мериме, бидејќи одамна е трета категорија и не е исправна за капење - рече д-р Петрова.  Додаде дека  водата на езеро Младост се испитува на пет места, трите плажи на влезот во правец од Велс, пред хотелот Романтик и мотелот ,,Бела вода,, при што уредени се само последните две плажи. .Податоците според кои се препораките на надлежните од ЈЗУ Центар за Јавно здравје Велес,  се однесуваат за месеците мај и јуни.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати