Нова, шеста по ред победа за ракометарите на Борец

Петар Печков

 Успешен спортски викенд за велешките екипи во најквалитетните лиги.  Победија ракометарите, одбојкарите и футсал екипата. 

Шестата победа по ред ја забележаа ракометарите на Борец на гостувањето во Скопје, против втората екипа на Металург, која им беше сосед на табелата по број на  бодови. Но велешани не оставија можност за дилема.  ГРК Борец победи  31:29, полувреме 16:15 за домашните. Резултатскиот пресврт се случи во средината на  второ полувреме кога по водството на Металург  22:20, Борец со серија од 5:0, поведува со 25:22, водство кое го сочува до крајот на натпреварот и забележа три бода.  Илиев со девет и Трајковски со осум гола беа најефикасни кај велешани, додека кај Металург 2,  осум постигна Палевски, седум Крстевски. Така по 14 кола, Борец се најде на 4-тото место со 23 бодови, три повеќе од Прилеп и пет помалку од Еурофарм Работник. Првенството има пауза, а за велешани остануваат четири кола, кога треба да го здржат ова место и да влезат во плеј оф натпреварите, каде освен првите четири екипи се вклучуваат и Вардар и Металург.   До година Борец игра дома со Вардар Јуниор, на гости со  Пелистер, пак дома со Прилеп кој ќе биде решавачки за четвртото место,  и за крај гостуваат на Пролет.

Лидерот на таблата во Првата футсал лига, Велес гостуваше  во Богданци, каде забележа победа од 10:4, против екипата на Цико. Со ова тие остануваат на врвот со 28 бодови од 10 натпревари  а Шкупи има еден натпревар помалку и три бода помалку. Во следното коло  Велес дома го пречекува Хедис, кој е седми со 8  бода. 

Одбојкарите на Борец дома го совладаа студентскиот тим на УГД Студент Штип со максимални 3:0.  При тоа на гостите им оставија 11, 12 и 20  поени, што најдобро илустрира за квалитетот на двете екипи.  По ова коло ГОК Борец е трети  со 11 бода а во последното есенско коло одат на лидерот Пробиштип.

loading...

Поврзани »

loading...

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017

Дежурство на аптеките (ОКТОМВРИ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Каков превоз најчесто користите?

  • автобус
  • автомобил
  • воз
  • комбинирам
  • такси
Резултати