Нова група македонски државјани, повратници сместена во хотел Монтенегро

Петар Печков


Минатиот петок и сабота, на 22-ри и 23-ти мај во хотелот Монтенегро, крај Велес дошла третата група повратници од странство, македонски државјани. Тие таму ќе минат 15 дена пред за заминат дома. Петокот  стигнале 40 лица а следниот ден стигнале 39 лица.

Во оваа трета  карантинска група има 79 лица. Прегледани се од страна на лекарски тим од страна на Интерно одделение. Сите се во добра здравствена состојба, негативни на ковид-19 -изјави д-р Страхил Тодоров, портпарол на Здравствен дом Велес.

Во хотелот има дежурни карантински екипи на Здравствен дом и на Општа Болница.  За почитување на мерките се задолжени припадници на МВР И на АРМ. 

Во Велес и велешко денес има 94 лица во изолација, преку викендот нема ниту еден нов случај кој со решение треба да биде дома, нема лица во самоизолација во велешко.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати